мед за чистење на лицето

Мед за чиста и хидрирана кожа на лицето

Природната козметика е хит последните години! Сите сме во потрага по козметички препарати на природна основа кои имаат добар ефект и ја штитат кожата. А дали знаете дека медот е супер намирница која ја храни и негува кожата? Блескајте ова лето со нашите мали и практични совети за убавина. Прочитајте ги тајните на експертите за природна козметика и искористете го лековитиот мед за чиста и хидрирана кожа на лицето. 

Кога еднаш ќе го употребите медот за нега на кожата, сигурни сме дека ќе бидете воодушевени од ефектот. Многу лица потврдуваат дека после третманот со мед, кожата им станала помека, хидрирана, без брчки и акни. А, најубавото кај медот е тоа што има многу попристапна цена од кремовите и третманите наменети за нега на лицето. Медот е природно антибактериско средство кое илјадници години се користи за нега на кожата. Mоже да го користат речиси сите, освен лицата кои имаат алергија на мед.

мед за чиста кожа

Како се користи медот за нега на кожата?

Медот може да го користите за чистење на лицето, но и како маска. Притоа, важно е да изберете природен мед, со врвен квалитет. Без разлика дали станува збор за дегустација или нега, наш избор се медовите на Рес-Ком. Нивната палета изобилува со различни врсти на мед: ливадски, планински, цветен, липовдабов мед, мед од багрем… Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.

Мини третман со мед за чистење на лицето 

Медот може да се користи за нежен пилинг и хидратација на кожата. Третманот за чистење на кожата направете го на следниот начин:

  1. Заврзете ја косата и отстранете ја шминката од лицето.
  2. Земете една лажичка мед од Рес-Ком и загрејте ја помеѓу прстите. Со нежно движење медот нанесете го на чистото и суво лице и усни.
  3. Оставете го да дејствува околу 2 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода или внимателно избришете го со влажна фротирска крпа.
мед за чиста кожа

Едноставна маска за лице со мед за длабинско чистење и хидратација

Еднаш неделно одвојте си малку време за себе и негувајте се. Направете ја оваа едноставна маска со мед која длабински ги прочистува порите, а истовремено ја хидрира и смирува кожата.

Состојки:

  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед од Рес-Ком
  • 1 лажица маслиново масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сокот од лимон, медот и маслиновото масло измешајте ги во чист сад.
  2. На сува и чиста кожа нанесете ја маската и оставете ја да дејствува околу 10-15 минути.
  3. Потоа, лицето измијте го со млака вода или избришете го со влажна фротирска крпа.
  4. На овој начин кожата на лицето ќе ви биде помека, посјајна и хидрирана, без брчки и акни. Оваа маска може да ја нанесувате еднаш на 10 дена.

Совет плус: Пред да го нанесете на лицето прв пат, проверете дали сте алергични на мед. Исто така и доколку кожата ви е многу чувствителна, најпрво ставете малку мед на внатрешната страна на зглобот на раката и почекајте неколку минути.  Ако немате никаква реакција на кожата, може да го користите на лицето.

Ви препорачуваме да прочитате: Здравје во тегла! – Природниот мед е единствена нерасиплива храна!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: