Оваа содржина е богатсво од информации! Откријте ја тајната на азиските убавици, како тие се негувале целосно со само една состојка. Не без причина, овие жени со векови користат оризова вода за нега на косата и кожата. Таа делува како природен тоник кој ја прави кожата мека, а се користи и во улога на природен балсам за коса. Едноставно можете да ја направите сами, тоа е најдоброто!
Покрај поголемиот број на витамини и минерали, оризот содржи супстација наречена питер. Питерот е одличен за ревитализација на кожата и за враќање на природниот сјај. Се користи во многу козметички производи за нега на кожата. За да ја направите оризовата вода потребни ви се само органски ориз, филтрирана вода и тегла.

Еве како се прави оризова вода
Потребно:
- 1/2 шолја органски ориз
- филтрирана вода по потреба
- тегла.
Подготовка и начини на употреба:
- Прелијте го оризот со филтрираната вода.
- Оставете оризот убаво да се натопи и водата да стане бледо бела. Тоа треба да биде најмалку 5 минути. Пред да го потопите оризот, доколку сметате дека не е чист измијте го со вода.
- На овој начин ќе добиете тоник за лице кој можете да го користите како и секој друг. Само складирајте го во чисто шише и чувајте го во фрижидерот. Рокот на траење е 4-5 дена.
- Исто така можете да направите оризова вода и со варење. Само ставете малку повеќе вода отколку кога само ќе го накиснувате. Кога оризот е сварен процедете ја водата и повторно користете ја како тоник за кожа и коса.
- За да ги смалите порите на лицето и да го вратите неговиот сјај, исчистете го, па натопете малку памук со оризова вода и истапкајте го лицето со неа.
- Дополнително, од памучна ткаенина можете да изрежите маска за лице – со отвори за очите и устата и да оставите оризовата вода да делува 5-10 минути на лицето.
- Зрната ориз можете да ги користите и како пилинг за кожата на телото. Само натопете ги со вода и со помош на ракавица масирајте се.
- Оризовата вода е одличен балсам за коса. После миење, потопете ја косата со оризова вода и оставете ја да делува 10-тина минути, па измијте ја.
- Оризовата вода може и да се пие. Ќе ви даде енергија, полна е со јаглени хидрати, а содржи и есенцијални аминокиселини и витамини.
Ви препорачуваме да прочитате: Готвите ориз или тестенини? Не фрлајте ја водата!