совршен пудинг без грутчиња

Како да направите совршен пудинг без грутчиња?

Пудингот е идеален десерт – многу е вкусен, не е скап, а се приготвува лесно. Меѓутоа, има некои мали слаткарски тајни кои треба да ги знаете за да направите совршен пудинг. Прочитајте ги нашите совети и наредниот пат пригответе пудинг без грутчиња за бесконечно уживање во слаткиот вкус на овој десерт. А плус, овие совети ќе ви бидат од корист и кога приготвувате фил за торта со пудинг.

Листата на состојки која е потреба за подготовка на пудинг е прилично кратка. Потребно ви е млеко, шеќер, пудинг во прав и состојки со кои ќе го збогатите готовиот пудинг (чоколадо, овошје, слатка павлака…). Иако состојките за подготовка се малку, тоа кажува дека треба да бидете доста внимателни во изборот на намирниците и подготовката. А кога сме кај изборот, ви предлагаме да ги користите пудинзите на Витаминка. Тие нашиот прв избор, а достапни се во 5 вкусови и тоа: чоколадо, ванила, јагода, карамел и шумско овошје.

совршен пудинг

Припремете ги садовите кои ви се потребни за подготовка на пудинг

Прва и најважна работа е внимателно да го прочитате рецептот и да ја припремите потребната опрема (сад во кој ќе го варите пудингот, мали чинии или чаши во кој ќе го сервирате и слично). Една од најважните постапки при подготовка на пудингот е и енергичното мешање.

За да избегнете грутчиња во пудингот, претходно измешајте го шеќер

Пудингот во прав во својот состав содржи скроб. За помалку искусните во кујната, скробот може да биде голем проблем. Тој има тенденција на згуснување во внатрешноста на пудингот и не се растопува добро, што резултира со грутчиња и лоша конзистенција на варениот пудинг. Затоа, потребно е прашкот за пудинг да го измешате шеќерот. Зрнцата шеќер добро ќе го иситнат скробот, така што ќе се разбијат сите можни грутчиња. Откако сте ги измешале прашокот за пудинг и шеќерот, во смесата додајте ладно млеко и мешајте додека добиете течна хомогена смеса без грутчиња.

Разматениот пудинг додајте го во топло млеко, непосредно пред вриењето

Друго што треба да се спомене е температурата, односно моментот кога треба да ги додадете ладните состојки во топлото млеко. За да добиете совршен резултат, додајте неколку лажици од топлото млеко во разматениот пудинг, а потоа пудингот додајте го во тенџерето на оган.

Притоа, разматениот пудинг немојте да го ставате во млеко кое врие. Најдобро е да го додадете во топло млеко, непосредно пред вриењето. Тенџерето со топлото млеко, тргнете го од ринглата и додајте го пудингот во тенок млаз. Притоа, континуирано мешајте.

Намалете ја температурата и варете го пудингот две до три минути

Тенџерето вратете го на огнот, намалете ја температурата и постојано мешајте додека пудингот се згусти за време од 2 до 3 минути. Ако не сте сигурни дали пудингот е варен, имајте во го предвид и овој совет. Штом пудингот почне да врие, варете го уште минута до две, а со тоа пудингот е готов.

Додека пудингот се лади, измешајте го неколку пати, за да не се создаде кора на површината.

Ако подготвувате фил за торта, путерот додајте го во млакиот пудинг

Ако приготвувате фил за торта со пудинг, путерот или маргаринот додајте ги во млакиот пудинг и мешајте додека се растопат. Филот за торта можете да го изматите и со миксер кога ќе се излади, па така ќе биде пенест.

пудинг без грутчиња

Кога немате многу време – направете пудинг без варење

Неодамна ги откривме новите крем пудинзи без варење на Витаминка. За две до три минути ќе имате совршен десерт на кој никој нема да може да одолее, и тоа со вкус на ванила или чоколадо. За да направите пудинг без варење потребна ви е една кесичка пудинг (ванила или чоколадо) и 300 мл млеко. Прашокот за пудинг ставете го длабок сад и додајте го ладното млеко. Изматете со миксер и вашиот десерт е готов. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви предлагаме да прочитате: Индијанки со фил од пудинг.

Сподели: