омега 3-6-9 храна 1

Како до правилен баланс на Омега 3-6-9 масните киселини?

Кога станува збор за омега масните киселини, најчесто се мисли на Омега-3, а помалку внимание се обрнува за омега-6 и омега-9 кои се исто така важни за здравјето. Сите три играат голема улога во одржување на хомеостазата. Иако се потребни сите три вида на омега, многу е важно да се внесуваат правилно. Преку нашето истражување ви откриваме како да обезбедите баланс на Омега 3-6-9!

Мастите, меѓу кои и омега масните киселини, се важен дел од здравата исхрана и нормална функција на организмот. Постојат два типа на масни киселини: заситени и незаситени. Омега масните киселини спаѓаат во незаситени масти. Омега-3 и Омега-6 се есенцијални мононезаситени, додека пак омега-9 е не-есенцијална полинезаситена масна киселина. За оптимално здравје, потребни се сите омега масни киселини. Секоја од нив има своја функција и здравствени придобивки.

омега 3-6-9 храна 2

Здравствени придобивки од Омега 3-6-9 мастите

Омега-3 мастите се поврзуваат со здравјето на срцето, подобрување на расположението, развој на фетусот и имаат антиинфламаторно дејство. Омега-6 масните киселини го подобруваат кардиоваскуларното здравје и го снабдуваат телото со енергија. Омега-9 помага во намалување на нивото на триглицериди и лошиот холестерол, снижување на високиот крвен притисок и го намалуваат ризикот од дијабетес.

Извори на Омега-3, Омега-6 и Омега-9 масни киселини

Извори на Омега-3 масни киселини од храната се:

  • лосос
  • сардина
  • ленено семе
  • чиа семе
  • жолчка од јајце
  • бадем
  • орев
  • индиски орев.

Храна богата со Омега-6 се растителни масла, бадеми, ореви, индиски ореви, сончоглед, а помалку месо и јајца. Омега-9 има во растителни масла од семиња и авокадо.

Што треба да знаете за правилниот баланс на Омега-3, Омега-6 и Омега-9 масните киселини?

Многу е важно да се има правилен баланс на омега масните киселини во исхраната. Дисбалансот на овие три масни киселини може да предизвика голем број на хронични болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, дебелина, артритис и друго. Иако голем број на луѓе внесуваат доволно Омега-6 со исхраната, а Омега-9 се создава во телото, сепак во одредени ситуации постои потреба од нивен зголемен внес. Најчесто се јавува недостаток на Омега-3, но и недостатокот на другите две масни киселини не е невообичаена појава. Комбинираните додатоци во исхраната, односно оние кои ги содржат и Омега-3-6-9 најчесто ги обезбедуваат овие масти во сразмерни пропорции, т.е во однос 2:1:1 . Сепак, најдобар начин да ги избалансирате омега масните киселини во организмот е да ги внесувате со исхраната. Ова вклучува земање на најмалку две порции рибино масло и употреба на маслиново масло за готвење и во салата и ограничување на употребата на останатите растителни масла и храна пржена во нив. Но, понекогаш тоа не е можно, па затоа е потребен внес на овие масти во вид на суплементи.

Наша препорака за балансирање на омега масните киселини е Super Omega 3-6-9

За најдобар баланс на Омега масни киселни, пробајте ја Super Omega 3-6-9. Super Omega 3-6-9 е мешавина на риба, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, не-есенцијална, но корисна масна киселина. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи. Super Omega 3-6-9 не содржи холестерол.

омега 3-6-9 суплемент

Зошто Super Omega 3-6-9?

  • Ги содржи сите 3 „добри масти” во една погодна форма
  • Со витамин Е
  • Идеална комбинација за поддршка на здраво срце и холестерол, здрава кожа, коса, помош при ПМС и нормален метаболизам на маст.

А на крај имаме изненадување за вас! Омега 3-6-9 може да ја порачате со супер попуст. Посетете ја онлајн страницата на Тримекс, прочитајте повеќе за придобивките и порачајте го додатокот во исхраната со бесплатна достава. Производот може да го најдете и низ аптеките ширум земјата, но попустот важи само за нарачки од онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: