замрзнување на карфиол

Како правилно да замрзнете карфиол

Заради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, карфиолот делува многу позитивно против болестите кои се јавуваат и настануваат како резултат на современиот начин на живот. Бидејќи содржи многу малку калории, а многу корисни состојки, карфиолот се препорачува при диети и овозможува чувство на ситост подолго време, а многу поволен е и во исхраната на бремените жени.

Во оваа сезона кога цената на карфиол е ниска, набавете си поголема количина и замрзнете го. Со замрзнување на зеленчукот се зачувуваат витамините, се скратува времето за готвење, се намалува времето за нивно варење, а на производот му се продолжува рокот на траење. Правилниот начин на замрзнување ќе ви овозможи зачувување на хранливите состојки.

замрзнување на карфиол

Техника за правилно замрзнување на карфиол

За да може правилно да го замрзнете карфиолот и да ги зачувате хранливи својства, следете ги следните чекори:

  1. Карфиолот исечкајте го на парчиња, а долгите дршки на скратете ги.
  2. Во тенџере на оган ставете вода да зоврие. Во врелата вода, додајте го исечканиот карфиол и варете го за време од 4 минути. Оваа постапка ќе ги спречи ензимите да ја расипат храната.
  3. Потоа, карфиолот извадете од врелата вода со помош на перфорирана лажица, исцедете го и се ставете го во сад со вода и коцки мраз, за побрзо да се излади. Парчињата карфиол се оставаат во ладната вода за време од 2 минути.
  4. Потоа повторно се цедат и се редат во еден слој во тава. Тавата ставете ја во замрзнувачот за време од еден час или повеќе додека се замрзнат. Овој метод е познат како замрзнување на лента.
  5. Замрзнатите парчиња карфиол ставете ги во најлонска кеса за замрзнување и пробајте колку што е можно повеќе да го отстраните воздухот од нив. На овој начин парчињата ќе останат раздвоени и ќе може полесно да ја земете количината која ви е потребна за подготовка на рецептите.
  6. Ќесата добро затворете ја и ставете ја во замрзнувачот.

Сподели: