Животот денес е исполнет со неизвесност, голем број грижи, како и разни стресни информации и случувања во околината. Брзиот тренд на настани во секојдневнието, притисокот да внимаваме на себе постојано и насекаде, е тука. Многу наши познаници се соочуваат со последиците од болестите на модерното време, меѓу кои е и корона вирусот. Со надеж да ви олесниме и да ја поттикнеме дополнително вашата грижа за себе, разговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Овој пат, посветивме време на појавата на кандида како последица од пад на имунитетот.
Имунитетот е нашето прво „оружје“ за заштита на организмот и борба против болести, од вообичаени настинки, па до кандида и Covid 19. Одржувајте го силен и борбен, тоа е првиот чекор кон подобро здравје. А, во оваа прилика, секако базирано на поопширно истражување на темата, ве запознаваме со една од последиците на паднат имунитет – проблематичната кандида. Во нормални услови, во нашето тело, а и на кожата, живеат многу видови на габи, вклучувајќи ја и кандидата. Вообичаено се наоѓа во мала мера во устата, цревата и на кожата. Притоа, при нормално ниво на присутност таа не предизвикува проблеми. Меѓутоа, во одредени услови, како на пример пад на имунитетот, таа може да расте „неконтролирано“. Па, како последица на тоа, предизвикува неколку типа на инфекции во телото кои под едно име се нарекуваат кандидијаза.

Освен намалениот имунитет и нарушената нормална микрофлора во цревата, како дополнителни фактори кои можат да доведат до појава на кандида се:
- Употребата на антибиотици е на прво место
- Исхрана богата со рафинирани и вештачки шеќери – слатката храна е погодна за кандидата
- Прекумерен внес на алкохол
- Орални контрацептивни средства
- Дијабетес
- Претерано интензитетен стрес.
Што може да се направи за да се победи кандидата?
Сите гореспомнати фактори се взаемно поврзани на некој начин и може да го поддржуваат нејзиниот раст. Затоа, најдобриот начин за правилно третирање на кандидата е пронаоѓање на основната причина. Штом се пронајде предизвикувачот на кандида, тогаш ќе може успешно да ја победите и да спречите нејзино повторување.
Може ли храната да помогне?
Храната има важна улога во одржувањето на рамнотежа на добрите и лошите бактерии во цревата. Оттука, може да се заклучи дека храната може да помогне, има што да направите!
За успешно да се ослободите од кандидијазата, не само што треба да знаете која храна не треба да ја консумирате, туку треба да знаете и која храна помага за што побрзо да се исчисти. Важно е да ги исклучите рафинираните шеќери од исхраната, да го намалите внесот на млечни производи и намирници со високо ниво на лактоза. Ова е посебно значајно, ако основата на појавата на кандидијазата е паднат имунитет.
Од друга страна, постојат намирници кои го поттикнуваат развојот на добрите бактерии и го помагаат инхибирањето на кандидата. Во продолжение следи листата со намирници кои се корисни ако имате проблем со кандида:
- Лук – Лукот содржи алицин. Алицинот е антифугална супстанца за која се покажало дека е ефикасна во спречување на дејството на кандидата.
- Кокосово масло – Кокосовото масло е богато со лауринска киселина која се бори против инфекциите на кандидата.
- Куркумин – Куркуминот го намалува растот на кандида.
- Ксилитол – Ксилитолот ја намалува способноста на кандидата да се задржува на некоја површина и да предизвика инфекција.
- Алое вера – Алое верата го инхибира растот на кандида во устата.
- Калинка – Соединенијата присутни во калинката се корисни против кандида.
- Комбуха – Комбухата е богата со полифеноли и оцетна киселина кои ја уништуваат кандидата.
- Пробиотици – Пробиотиците од видот Lactobacillus го намалуваат растот на кандида и спречуваат инфекции.
Што друго може да се направи?
Вистинскиот избор на додатоци во исхраната е секогаш правилен избор за подигнување на имунитетот, а воедно и заштита од кандидата. Ние ги препорачуваме:
N-Acetyl Cysteine (NAC)
N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на не-есенцијалната амино киселина цистеин. Тоа е аминокиселина со сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. NAC го одржува клеточното здравје и штити од слободни радикали.
AlphaSorb-C
AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Има причина зошто ви го препорачуваме баш NOW® AlphaSorb-C®. Тој е богат со алфа липоична киселина со високо ниво на искористливост и подобро се апсорбира во организмот, споредено со додатоци во исхраната од други производители.
Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник.

Селен
Селенот – Selenium 100 mcg е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, селенот придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Како проверен додаток во исхраната, го препорачуваме Selenium 100 mcg од NOW, кој е без квасец и не содржи глутен, ниту млеко, риба и јајца.
Hawaiian Spirulina
Спирулината е модро-зелена микроалга со извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење. Hawaiian Spirulina е суперхрана за сите возрасти бидејќи:
- содржи 65% лесно сварлив протеин
- претставува најдобар извор на железо
- дава енергија
- не содржи маснотии
- содржи гоелм број на витамини, минерали и антиоксиданси.
Acidophilus 4×6
Acidophilus 4×6 од NOW е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Овој производ го сочинуваат пробиотици, добри бактерии важни за имунитетот и заштитата од инфекции. Acidophilus 4×6 во својот состав содржи 4 милијарди пробиотици од 6 вида.
Наведените додатоци во исхраната може да ги нарачате на онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Како и, да ги купите од подобро снабдените аптеки низ земјава.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 симптоми кои укажуваат на кандида како последица од ослабен имунитет.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.