кое годишно време е најдобро за детоксикација?

Кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот?

Сте се запрашале ли некогаш кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот? Го знаете ли одговорот на ова прашање? – Доколку одоговоривте со „НЕ“, тогаш овој текст ќе ви ги даде одговорите. Иако секој период е добар за да се направи детоксикација на организмот, сепак некои годишни времиња едноставно не одговараат за овој процес да се спроведе во целост како што треба.

Детоксикацијата е многу важна за целокупното здравје. Сетете се само колку свежо и убаво се чувствувате после туширање иако тоа ги отстранува само површинските нечистотии од телото. А замислете како би се чувствувале после детоксикација на целиот организам, со секоја негова клетка и витален орган. Па така, тој бран на свежа енергија може да го искористите за многу намени како што се губење на тежина, заздравување од некоја болест или едноставно за благопријатно и убаво чувство на телото и духот.

кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот

Зошто е потребна детоксикацијата?

Во нашиот екосистем постојат илјадници видови на токсини кои секојдневно ги консумираме преку водата и храната, или ги впиваме преку кожата. Дури и бебињата додека се во мајчината утроба во просек ќе бидат изложени на околу 287 видови познати токсини. Па, може ли да замислите колку видови на токсини ние возрасните внесуваме во својот организам? – Клетките во нашиот организам постојано произведуваат „ѓубре“ како резултат на работата на метаболизмот и секој пат кога храната нема да се дигестира на прав начин, во организмот се јавуваат токсини. Иако нашите тела секојдневно се борат за да ги исфрлат овие токсини понекогаш потреба им е мала помош и затоа е важна детоксикацијата. Бидејќи, доколку се наталожат големи количини на отпад во организмот доаѓа до многу хронични заболувања. А детоксикацијата помага во регенерацијата на телото.

Кое е најдобро време за детоксикација?

Како што се врти земјата околу својата оска и поминува низ годишните времиња, така на нашето тело му е потребно прилагодување на новите временски услови. Исто како што во различните годишни времиња, различно се облекуваме, така треба да внесуваме и сезонска храна која може да ни помогне при детоксикацијата.

Факти за пролетната детоксикација

  • Пролетта е симбол на нов живот и регенерација, па затоа таа е одлично време за освежување на телото.
  • За време на зимата се насобира голема количина на токсини, па неопходно е од истите да се ослободиме.
  • Според кинеската медицина, пролета е најдобро годишно време за детоксикација на црниот дроб.
  • Преодниот период од зима во пролет е најдобриот период да се започне со слабеење и исфрлање на отрови од телото.

Факти за летната детоксикација

Топлото време е најдобро за детоксикација, а еве неколку причини зошто е тоа така:

  • Кога температурата е висока, телото полесно го поднесува процесот на детоксикација.
  • Суровата и лесна храна е секако составен дел од летната исхрана.
  • На лето се достапни голем број на едни од најдобрите намирници за детоксикација.
  • Кога е надвор жешко, најголем дел од отровите ги исфрламе со потење.
  • Летото мотивира, затоа што тогаш сите сакаат да изгледаат добро за на плажа.
  • Годишните одмори може да се искористат за детоксикација на целото тело, душата и умот.

Факти за детоксикацијата на есен

  • Есента претставува последна шанса пред зимата да се ослободите од сите несакани килограми.
  • Многу е важно да се зајакни имунитетот пред да настапи зимата.

Зошто не се препорачува детоксикација во зима?

Иако детоксикацијата никогаш не претставува лош избор, зимата не е баш најдоброто годишно време за истата да се практикува. Еве и зошто:

  • Во зимскиот период нашето тело е прилично уморно.
  • Студените денови се најдобри за одмор и штедење на енергија.
  • На зима помалку се потиме и при детоксикација отровите не можат да се отстранат од телото.
  • За време на зима се јаде мрсна и потешка храна која во периодите на детоксикација во никој случај не се препорачува.

Што се случува со организмот за време на детоксикацијата?

  • Го одмараме дигестивниот систем со лесна храна, овошје и алкални зеленчуци како и производи кои не содржат глутен.
  • Поради храната која изобилува со растителни влакна и пектин се чистат цревата.
  • Одредени намирници кои ги консумираме за време на детоксикацијата ги чистат виталните органи како црниот дроб, бубрезите и кожата.

Ви препорачуваме да прочитате: Зелено детокс смути за побрз метаболизам.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: