Често пати третирањето на извесни здравствени состојби може да биде поедноставно од што очекуваме, а најсложеното е да се знае најлесниот пат. Во таа насока и имајќи предвид колку честа и голема е процентуалната застапеност на автоимуните заболувања кај популацијата направивме ново истражување. Истражувањето се однесува на т.н. Коимбра протокол, кој во светски рамки е популарен и докажан.
За тоа има повеќе причини, па ви препорачуваме да го прочитате текстот до крај.

Што претставува Коимбра протоколот?
Коимбра протоколот подразбира третирање со високи дози на витамин Д. Прв го употребил Д-р Цицерон Гали Коимбра, кој е бразилски невролог и професор на Федералниот Универзитет во Сао Паоло, Бразил. Протоколот се користи за третирање на разни автоимуни болести, вклучувајќи ги:
- мултиплекс склероза
- лупус
- псоријаза
- ревматски артритис
- Кронова болест.
Основата на теоријата на механизмот на третирање на Д-р Коимбра, е дека лицата кои страдаат од автоимуни болести имаат едно заедничко нешто – сите тие имаат генетска предиспозиција која спречува ефикасно создавање или метаболизирање на витаминот Д. Витаминот Д3 е единствен помеѓу витамините кој делува како хормон на ниво на нашата ДНА. Како стероиден хормон, Д3 регулира најмалку 229 гени. Исто така, контролира илјадници други функции на клетките во телото, а од него особено зависи имуниот систем.
Секоја индивидуа има различни потреби од внес на витамин Д3, па затоа за сите лица се препишуваат различни дози на витамин Д3. Истите се препишуваат од доктори кои се обучени за примена на Коимбра протоколот.
Која е улогата на витаминот Д во телото?
Активната форма на витаминот Д го регулира имуниот систем и се грижи телото да функционира правилно. Овој витамин е есенцијален за функцијата на скелетниот систем бидејќи ја регулира нормалната минерализација на коските и нивниот раст. Исто така, е одговорен и за зачувување на мускулната сила и координација, здравјето на кардиоваскуларниот систем, како и за јакнење и баланс на имуниот систем. Витаминот Д регулира околу 200-300 гени во човечкото тело, што е причина зошто неговиот недостаток се поврзува со повеќе здравствени проблеми.
Кои лица може да го применат протоколот и зошто се потребни високи дози на витамин Д?
Голем дел од пациентите со автоимуни заболувања имаат зголемена резистентност кон дејствувањето на витаминот Д, што обично се јавува поради генетски полиморфизам. Други фактори кои играат улога во резистенцијата кон витамин Д се телесната тежина, индексот на телесна маса и возраста. Како резултат на тоа, пациентите со автоимуни заболувања имаат потреба од повисоки дози на витамин Д во однос на здравите лица. Внесот на витамин Д3 како додаток им овозможува на клетките и ткивата да функционираат нормално.
Како функционира Коимбра протоколот?
За да се победи недостатокот на витамин Д во организмот и да се компензира неможноста за ефикасно метаболизирање, Д-р Коимбра препорачува значително зголемени дози на витамин Д. Дозите се пресметуваат врз основа на телесната тежина (1000 ИЕ/кг). Дозирањето се мониторира преку земање на крв во предвидени интервали, прилагодени соодветно на пациентот. Обично, прво се зема крв пред почетокот на терапијата, а наредно се зема крв по 2-3 месеци од земањето на големи дози на витамин Д.
Целта е да се намали нивото на паратироидниот хормон во крвта, кој е показател дали протоколот функционира. Ако зголемената доза на витамин Д е ефективно метаболизирана, паратироидниот хормон ќе биде намален, значи Коимбра протоколот делува.
Наша препорака
Повеќе информации за NOW® Vitamin D-3 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги За сите прашања кои ги имате може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска од Тримекс и ќе одговориме на вашето прашање. Исто така, за консултации може да се обратите на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 начини да го покачите нивото на витаминот Д.
Следетеја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.