стомачни проблеми кај деца 1

Кои се најчестите стомачни проблеми кај децата?

Дигестивните проблеми се честа појава кај малите деца. Тие се особено изразени во летниот период кога не внесуваат доволно течности, играат надвор и ги валкаат рацете. Лесно расипливата храна исто така може да предизвика дигестивни непријатности. Ви откриваме кои се најчестите стомачни проблеми кај децата и што може да помогне во надминување на непријатната состојба.

Кога е нарушена цревната микрофлора кај детето, доаѓа до воспаление на клетките на цревата. Затоа храната што се внесува во организмот не може да биде правилно сварена. Исто така, воспалените клетки не можат да произведат доволно секретин – хормон кој го стимулира панкреасот да лачи дигестивни ензими. Последиците се лошо варење на храната и различни дигестивни проблеми кај децата.

стомачни проблеми кај деца 2

Цревни инфекции

Кај децата од сите возрасти, цревните инфекции се најчест проблем. Тие се најзастапени во летните месеци и можат да бидат предизвикани од бактерии или вируси. Симптоми кои укажуваат на цревни инфекции се повраќање, дијареја, губење на апетит и покачена телесна температура. За превенција од цревни инфекции неопходно е да се води грижа за хигиената на рацете на детето и правилно миење, чување и подготовка на храната која им се дава на децата. Многу е важна и хидратацијата, односно надополнувањето на изгубените течности и електролити, а со тоа потребно е и земање на пробиотици.

Труење со храна

После цревните инфекции, втора најчеста појава е труењето со храна. Труењето со храна е исто така најзастапено во летните денови поради тоа што во овој период храната е полесно расиплива. Симптомите на труење се исти како и кај цревните инфекции со таа разлика што при труење со храна нема покачена телесна температура. Мерките за третирање и превенција се исти како и за цревните инфекции.

Алергии на храна

И алергиите на храна се вклучуваат во најчестите стомачни проблеми кај малите деца. Алергени во храната се:

  • јајца
  • јаткасти плодови
  • млеко
  • риба
  • соја
  • пченично брашно.

Алергиските реакции може да се манифестираат преку промена на кожата (црвенило, чешање, осип), како и пореметување на работата на дигестивниот систем. Терапијата на оваа состојба подразбира исклучување од исхраната на намирниците кои предизвикуваат алергија на одреден временски период или пак доживотно. Тоа секако треба да се прави во консултација со доктор.

Кои пробиотици се препорачуваат на децата со стомачни проблеми?

Денес најпознати и најзастапени пробиотски бактерии се Lactobacillus и Bifidobacterium, од кои најиспитувани и најпознати видови се Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus reuteri и Bifidobacterium lactis. Треба да се напомене дека освен наведените бактерии често се зборува за терапија во која е важна и нивната количина. Затоа на различни пробиотски производи, бројот на живи бактерии се означува од 109 до 1012 CFU (Colony forming units), што означува вообичаена дневна тераписка доза за доенчиња и деца.

Улогата на пробиотските бактерии во растот и развојот на децата е:

  • намалување на инфантилните колики, надуеност, гасови и гастроезофагеален рефлукс,
  • воспоставување на нормална цревна перисталтика,
  • намалување на атописките кожни реакции и алергиските манифестации воопшто,
  • подобрување на имунитетот.

NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди CFU од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. Здравата цревна флора исто така помага да се создаде поволна околина за апсорпција на хранливите материи. BerryDophilus ™ може да ги користат и возрасни и деца. Засладен со ксилитол, BerryDophilus ™ нема да им наштети на забите и е со одличен вкус.

Препорака за употреба на NOW® BerryDophilus ™:

  • за деца над 2 години и возрасни: изџвакајте 1 таблета 1 до 3 пати на ден помеѓу оброци или на празен стомак.
  • за деца под 2 години, користете само по совет на лекар. Таблетата треба да се изџвака или издроби за да не се проголта цела.

Нарачајте го NOW® BerryDophilus ™ преку онлајн продавницата на Тримекс и добијте го на домашна адреса со бесплатна достава. Производот може да го најдете и во повеќето аптеки ширум земјава.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

детски пробиотици

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Ушните инфекции се чести во лето, особено кај децата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: