Кога станува збор за црн чај, може да се каже дека е помалку популарен, но затоа не помалку контраверзен напиток од кафето. Додека едни тврдат дека може да уживаме во здравствени придобивки, други велат дека има непосакувани својства. Зеленчиот чај (Camellia sinensis), исто така потекнува од истото растение, само што процесот на оксидација е спречен пред листовите да поцрнат. Па, да прочитаме и да дознаеме како е.
Постојат истражувачи кој тврдат дека црниот чај е одличен
Неколку истражувања покажале дека црниот чај, слично како и зелениот, можат да бидат од помош за лечење на дијабетес, како и катаракта поради дијабетес.
Други опсежни истражувања тврдат дека постои јасна евиденција дека пиењето 3 или повеќе шолји црн чај на ден, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Тоа се врзува со дејството на полифенолите, кои се антиоксиданси во овој чај.
За позитивното влијание на црниот чај за опоравување од стрес, зборува универзитетска студија на група истражувачи од Лондон. Се покажало дека оние кои пиеле црн чај 4 пати на ден, во период од 6 недели имале пониско ниво на кортизол во крвта после некој стресен настан, во споредба со оние кои не пиеле. Додека во Индија, за време на една едногодишна студија било утврдено дека црниот чај (консумиран 3 пати на ден) помага за превенција од рак на уста, кој е најчест тип на рак во Индија.

Но, има и такви истражувачи кои го тврдат спротивното за црниот чај
Едно прелиминарно истражување покажало дека црниот чај може да доведе до крутост на артериите, а тоа го зголемува ризикот од хипертензија. Се смета дека тоа се должи на кофеинот кој ја зголемува крутоста од една страна, а флавоноидите во составот на црниот чај доведуваат до опуштање на артериите и со тоа се јавува контрадикција.
Спротивно од студијата која зборува за позитивното влијание на црниот чај за опоравување од стрес, практичното искуство зборува дека луѓето кај кои е изразено високо ниво на анксиозност или се изразито нервозни, се многу осетливи на својствата на кофеинот, а тоа го вклучува и црниот чај. Кофеинот кој се наоѓа во црниот чај, го зголемува излачувањето на желудочната киселина. А, дури и умерена количина на кофеин може да ја појача хипогликемијата. Затоа, лицата кои имаат ниско ниво на шеќер во крвта, треба да избегнуваат производи со кофеин, што подразбира и одредени чаеви.
Се смета дека црниот чај содржи танини, кои значајно ја намалуваат апсорпцијата на железо во намирниците од неживотинско потекло.
За крај, треба да знаете дека зелениот чај содржи многу повеќе полифеноли, а помалку кофеин од црниот чај, а дали ќе го пиете и едниот или другиот останува на вас да процените дали одговараат според вашите здравствени карактеристики.
Ви препорачуваме да прочитате: Зелен чај – на врвот на листата на најздрави лековити пијалоци.