манџа со колбаси 1

Компир манџа со колбаси

Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.

Манџите претставуваат совршен начин да вметнете многу зеленчук во менито на вашите најмили. А овој рецепт за манџа без запршка веруваме дека ќе се најде во листата на омилени рецепти.

манџа со колбаси 2

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 4 колбаси од Агриа (домашени или селски по избор)
  • 2 моркови
  • 50 г грашок
  • малку сечкан целер
  • сечкан свеж магдонос по вкус
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • црн пипер по вкус
  • 4 лажици масло.

Подготовка:

  1. Колбасите исечете ги на крукчиња. Може и да ги оставите и цели по желба.
  2. Компирите излупете ги и исечете ги на коцки.
  3. Лукот и кромидот исчистете ги од лушпите и заедно со целерот и морковите исечкајте ги на ситни коцки.
  4. Во тенџере на загреано масло кратко запржете ги колбасите, па додајте ги исечканите кромид, лук, целер и моркови. Кратко пропржете и додајте ги грашкот и сечканите компири. На крај додајте го доматното пире и црвениот пипер. Зеленчукот прелијте го со вода во висина од 3 – 5 см над состојките.
  5. Манџата варете ја на тивок оган околу 45 минути додека омекнат компирите. Во текот на готвењето по желба може да додавате малку вода.
  6. На крај манџата зачинете ја со свеж магдонос, мешан сув зачин, црн пипер. Варете уште 2-3 минути.
  7. Готовата манџа послужете ја додека е топла и декорирајте ја со свеж босилек и сечкан млад кромид. На здравје!

Наша препорака:

Која е тајната за највкусната манџа? – Посветеното време, љубов и квалитетните намирници. Секогаш кога имате прилика купувајте домашни, локални производи. Набавете зеленчук од кај познат одгледувач и изберете домашни, македонски колбаси од Агриа. Ексклузивно во месарниците на Агриа (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на колбаси од нивно производство. Изборот е голем, а може да се најдат скараџиски, селски, домашни, барени колбаси како и различни месни преработки.

Кој е вашиот најдобар рецепт за компир манџа? – Споделете го во коментар.

Ви препорачуваме да прочитате: Свински гулаш со пиво.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: