Ако сте купиле голема лубеница и не знаете или не сте сигурни како да ја зачувате нејзината свежина, еве неколку совети за зачувување на свежината на исечена лубеница!
Може да ве интересира: Паметен начин да сечете лубеница на коцки.

Лубеница пресечена на големи парчиња
Ако сте ја пресекле лубеницата на големи парчиња, најдобар начин за зачувување на свежината, независно од нејзината големина е да ја замотате со најлонска фолија и да ја складирате во фрижидер. Вака може да ја продолжите трајноста и до недела дена.
Улогата на најлонската фолија е двојна, спречува лубеницата да прими било каков стран мирис и да добие изменет вкус, а исто така ја задржува влагата и сочноста на лубеницата.
Големи парчиња лубеница без кора
Кога веќе сте ја отстраниле кората, трајноста е значително намалена и ваквата лубеница треба да ја изедете најкасно до 3 дена. Откако е сечена лубеницата, течноста/сокот излегуваат од „месото“, а со тоа се изменува и текстурата. Најдобро вака пресечена лубеница да ја складирате во затворен сад и во фрижидер.
Долготрајно складирање
Ако имате повеќе лубении кои планирате да ги јадете во рок од 5 дена до 1 недела, можете да ги складирате и во замрзнувачот. За вакво складирање треба да ја отстраните кората, а потоа да ги замрзните парчињата на тацна, во еден слој. Чувајте ги во затворени садови и во одделен дел од замрзнувачот. „Месото“ на лубеницата ќе биде помеко по одмрзнувањето, а лубеницата ќе биде одлична за сладоледи, кремови и напитоци.
Ви препорачуваме да прочитате: 6 техники да изберете зрела и сочна лубеница.