исечете лубеница на коцки

Паметен начин да сечете лубеница на коцки

Сезоната на лубеници е во тек, а ние имаме интересен и малку поинаков предлог како да сечите и послужите лубеница. Исечете прекрасни ладни коцки за освежување во летните жештини. Интересно е, забавно и одлично за споделување со пријателите, најблиските и саканите!

Лубеницата почнале да ја одгледуваат уште пред илјадници години и тоа во пустината Калахари, во Африка. Во 1850 година, познатиот истражувач David Livingstone го открил тамошното изобилство од лубеници по што многу брзо се рашириле и на Медитеранот. Здравствената корист од лубеница е голема, па спаѓа во групата на намирници кои се препорачуваат за честа консумација од пошироката популација. Освен што може да се јаде свежа, постојат разни рецепти, како што се подготовка на џем од лубеница и домашно слатко од лубеница. На било кој начин да ја консумирате вкусното задоволство е загарантирано. А бидејќи организмот најубаво ги користи здравствените придобивки кога ја јадеме свежа, ние ви препорачуваме и одличен трик за брзо, лесно и практично сечење!

Заборавете на досадните, традиционални и секојдневни начини на сечење на лубеница. Ве советуваме, најпрво убаво да ја изладите, а потоа да го пробате овој понов и малку поинаков начин за сечење на лубеница. За кратко време и со малку труд креирајте уникатен впечаток кај оние кои ќе ги почестите со слатко ладно задоволство.

Сподели: