Здравствени придобивки од консумацијата на интегрален ориз кои треба да ги знаете

Која е разликата меѓу белиот и интегралниот ориз?

Сигурно сте слушнале дека интегралниот (кафеав) ориз е поздрав од белиот ориз, но не знаете како да го приготвите? Тајната се крие во избор на добar рецепт и квалитетen интегрален ориз. Па време е да ве запознаеме и мотивираме за почесто да го користите интегралниот ориз во исхраната!  

Која е разликата меѓу белиот и интегралниот ориз?

Главната разлика лежи во процесот на обработката на оризовото зрно. Под поимот интегрален, се подразбира ориз на кој му е отстранета лушпата, а е оставена обвивката на зрното, која е права ризница на витамини и минерали. Во неа се наоѓа голема количина од витамините од Б групата кои делуваат за смирување на нервниот систем. Од минералите застапени се:

  • селен
  • калиум
  • калциум
  • силициум
  • фосфор
  • магнезиум
  • железо.

Овие минерали се важни за здравјето на кожата, косата и забите, а селенот ја подржува работата на тироидната жлезда и бубрезите.

интегрален ориз

Интегралниот ориз содржи повеќе растителни влакна

За разлика од белиот, интегралниот ориз има поголема количина на растителни влакна кои даваат чувство на ситост, па така ќе изедете помала количина. Освен тоа, растителните влакна го спречуваат брзиот пораст на гликозата во крвта, при што може да го јадат и дијабетичарите. Затоа нутриционистите повеќе го препорачуваат интегралниот ориз.

Има уникатен вкус, но е потежок за џвакање и се вари два пати подолго од белиот. За разлика од него, белиот ориз има поприфатлив вкус и е мек, но има помала нутритивна вредност од интегралниот.

Што треба да знаете при изборот на интегрален ориз?

Секогаш избирајте природен и квалитетен ориз. Оризот е житарка која во периодот на својот раст може да апсорбира арсен од почвата на која се одгледува. Затоа треба да се внимава и да се избира ориз кој е одгледуван во чиста и незагадена околина.

Македонија со гордост може да се пофали со едно од своите најплодни и еколошки најчисти полиња – кочанско виничкото поле кое го носи епитетот Сончевата долина. Со над 250 сончеви денови годишно и со својата специфична микро клима, ова поле е погодно за производство на ориз. Директно од ова прекрасно и сончево поле кое е едно од ретките недопрени и незагадени парчиња земја ни доаѓа оризот на Сончева долина со кој секогаш можеме да бидеме сигурни дека сме го направиле вистинскиот избор. Ви препорачуваме да го погледнете краткото видео за оризот на Сончева Долина и неговите нутритивни вредности.

Ориз Сончева Долина

Одгледан со внимание и многу љубов, ориз од Кочанско – Виничката котлина.Сончева Долина – Палета природни вкусови.

Posted by Сончева Долина on Tuesday, September 19, 2017

 

Неколку предлог рецепти од кујната на Сѐ за храна со интегрален ориз

Веруваме дека ве мотивиравме да започнете да го користите интегралниот ориз во исхраната. За почеток, пробајте ги нашите омилени рецепти со него:

Ви предлагаме да прочитате: По што се разликуваат пченкарното брашно и палентата?

*Комерцијален текст

Сподели: