Некои масла за да можат да бидат искористени најдобро, треба да се употребуваат соодветно на својата намена, па еве краток водич за масла во кујната. Сигурно ќе ви биде од корист!
Секоја домаќинка е препорачливо да ги има во својата кујна барем овие масла. Маслата се составен дел скоро од секое јадење. Се користат за време на готвењето на разни начини, за варење, за печење, пржење, но и како составен дел на разни десерти и за зачинување на салати.
Маслиново масло
Идеално е за салати и за обарен зеленчук. Маслиновото масло е ценето заради фантастичниот вкус и квалитет, па секогаш треба да го имате при рака. Со оглед на тоа дека при пржење може да „прегори“ не е препорачливо да го загревате на високи температури. Откријте тука како најлесно да препознаете кое е квалитетно маслиново масло.
Неутрални масла погодни за високи температури
За голем број изразот „растително масло“ е неприкладен, посебно кога станува збор за маслиново масло, но со овој поим во главно се мисли на масла како што е сончогледовото, пченичното масло или маслото од семенките на грозјето. Сончогледовото масло може да се најде по пристапна цена, а слично може да се рече за пченичното, додека маслото од семенките на грозјето е многу скапо. Ваквите масла имаат релативно неутрален вкус, а можат да се користат и при повисоки температури, односно за пржење и печење.
Кокосово масло
Идеално е за печење на тивок оган, за динстање и за колачи, во секое јадење за кое сметате дека ќе биде пријатен неговиот оревест вкус. Кокосовото масло се екстрахира од плодот на кокосот и за разлика од останатите, на собна температура е во цврста состојба. Спаѓа во масла кои не е добро да бидат изложувани на висока температура. Најчесто се користи за подготовка на вегански колачи.
Зачински масла
Овие масла се додаваат за завршна арома, на крајот од јадењата. најпопуларни се сусамовото масло, маслото со лук и ореовото масло. Зачинските масла е најдобро да не ги загревате на висока температура бидејќи може да ја изгубат аромата.
Ви препорачуваме да прочитате: Кокосово масло за силни коски и здрави заби.