кокосово масло

Кокосово масло за силни коски и здрави заби

Во последно време многу се зборува за здравствените придобивки од консумацијата на кокосово масло. Тоа е предмет на многу истражувања, а резултатите од една студија на  Др. Оз за придобивките врз здравјето може да ги прочитате во текстот кој следува.

Кокосовото масло е одлична храна која превенира појава на дијабетес

Кокосовото масло е одлична храна за дијабетичари. Тоа има позитивен ефект во превенирањето на појавата на дијабетес, го намалува шеќерот во крвта и помага во ублажување на симптомите кај лицата кои страдаат од оваа болест. Научните студии ширум светот, утврдиле дека стапката на дијабетес кај луѓето кои живеат на острови што се богати со кокосово масло, а истото го консумирале повеќе генерации, е многу мала. При истражувањето на Др. Оз, кај дел од луѓето кои се откажале од консумирање на кокосовото масло, а во својата исхрана започнале да консумираат друга храна и масло, резултатите биде негативни, при што е забележано значително зголемување на стапката за појава на оваа болест.

кокосово масло

Сликата е преземена од Flickr.

Кокосовото масло може да ви помогне при намалување на телесната тежина

Поврзаноста на кокосовото масло со слабеењето е многу интересна. Оваа појава ја забележале фармерите во Америка, кои се обидувале да го згојат добитокот со додавње на кокосово масло во исхраната. Но, наместо добитокот да ја зголемувa тежината, забележале дека животните слабееле.

За подобро здравје на коските и забите консумирајте кокосово масло

Кокосовото масло ја подобрува апсорбцијата на калциум и магензиум во телото, што е многу корисно за здравјето на забите и коските. Подобрената апсорбција на калциум влијае на намалување на кариесот и зајакнување на забите. Зголемената апсорпција на калциум и магензиум позитивно влијае кај жените во средни години кои што имаат проблеми со остеопороза.

Пред да започнете со користење на кокосовото масло во вашата секојдневна исхрана, најдобро е да се консултирате со лекар, затоа што сите сме различни, препорачува Др. Оз.

Ви предлагаме да прочитате: Кокос – сојузник на здравјето на повеќе од 15 начини.

Сподели: