Кремаст домашен сладолед Алјаска - со бисквитна подлога 1

Кремаст домашен сладолед Алјаска – со бисквитна подлога

Кој и вкус да го изберите, може да го искористите за да го пробате и направите неодоливиот кремаст домашен сладолен Алјаска. Бисквитната крцкава подлога е изненадување за дегустаторите и ќе измами многу насмевки во кои ќе уживате!

Станува збор за елегантен ладен десерт кој има облик на пенаста капа од белки, односно сладолед кој се служи на поинаков, уникатен начин. Треба да се проба за да се почувствува уживањето кое ни го предлага нашата пријателка Лана.

Кремаст домашен сладолед Алјаска - со бисквитна подлога 2

Состојки:

За сладолед:

  • 125 мл млеко
  • 125 мл слатка павлака
  • 3 жолчки
  • 60 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр малини (по желба може и друго овошје).

За бисквитна подлога:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • малку нарендана кора од лимон.

За шам од белки:

  • 3 белки
  • 150 гр шеќер, малку лимонов сок.

Подготовка:

  1. Млекото загрејте го со слатката павлака и ванилиниот шеќер, а уште подобро е ако можете да употребите ванилино стапче.
  2. Жолчките изматете ги со шеќерот и малку ладно млеко (треба да го издвоите од вкупната количина), па турете го во тенок млаз во млекото кое го загревате.
  3. Варете многу кратко, внимателно без да дозволите да зоврие, а потоа тргнете го од оган и оставете да се излади.
  4. Овошјето испасирајте го во фино пире и измешајте го со изладениот крем. Ставете ја смесата во замрзнувач и повремено промешувајте за да ги разбиете кристалите мраз.
  5. Припремете ја бисквитната подлога. Белките и шеќерот изматете ги пенасто, а потоа додајте ги жолчките, малки нарендана кора од лимон и на крајот измешајте го и брашното.
  6. Кората испечете ја во помал плех, а кога ќе се излади, исечете ја на поголеми кругови. На секој круг ставете од полузамрзнатиот сладолед и со лажица обликувајте куп со тркалезна форма. Така преипреми, ставете ги повторно во замрзнувач, за добро да се стегне, а во меѓувреме припремете го шамот од белки.
  7. Белките и шеќерот, заедно со малку лимонов сок, изматете ги во цврст шам. Со помош на шприц и лажица распоредете ги изматените белки врз сладоледот.
  8. На крај, сладоледот ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени и печете само 5-6 минути. Кога белките ќе почнат да заруменуваат, веднаш извадете го и послужете. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.

Сподели: