Крем супите од зеленчук се едни од најздравите и најхранливите супи. И не само што се хранливи и здрави, тие се многу вкусни. Од бројните видови на зеленчук со кои можете да направите ваква крем супа ние ви предлагаме да направите крем супа од брокула.
Воедно, покрај рецептот за оваа вкусна крем супа на кратко ќе ве запознаеме и со некои карактеристики на брокулата. Брокулата претставува еден од најздравите зеленчуци. Брокулата помага во спречување на развојот на тумурот до 60 %, го ослободува организмот од хеликобактер пилори, бактерија го зголемува ризикот од рак на желудник, го спречува растот на рак на дојка, рак на грлото на матката, рак на простатата. Брокулата ја подобрува фиункцијата на црниот дроб, а големото количество на калциум и витамин К кои ги содржи се значајни за здравјето на коските и спречуваат појава на остеопороза.

Потребни состојки за направите крем супа од брокула:
- 200 грама брокула
- 1 компир
- 1 мала главица кромид
- 1 морков
- 1 или 2 стебленца целер без листови
- сол, црн пипер
- 1 лажица маслиново масло
- 1 мал пашканат.
Подготовка:
- На загреано маслиново масло динстајте го ситно исечканиот кромид и повремено додавајте мала количина вода (да го прекрие дното на садот каде што го динстате кромидот).
- Откако кромидот ќе омекне додадете го морковот, претходно исечкан на тенки парчиња.
- Повторно динстајте ги заедно со додавање на вода, а кога целата вода ќе испари додадете ја брокулата, претходно исечена на мали парчиња. Пржете со мешање за да не загори.
- Кога брокулата е половично испржена додадете вода и намалете ја температурaта.
- Компирот излупете го, па пресечете го на мали делови и додадете го во супата.
- Целерот и пашканатот исечкајте ги на тенки парчиња, па ставете ги и нив во супата.
- Доколку е потребно додадете уште вода и оставете така убаво да се крчка со повремено промешување. Супата треба да ја варите се додека количината на вода двојно не се намали. Така добиената супа ставете ја во блендер при што треба да добиете убава кремаста структура. Супата служете ја прелиена со јогрут или доколку постите јогуртот може да се изостави.
На здравје!