Крем чорба од ослич 1

Крем чорба од ослич

Понекогаш сите имаме потреба за промена од секојдневните вкуснови и сакаме да пробаме нешто ново. Рецептот за оваа крем чорба од ослич е лесен за правење и е баш добар за промена во менито. Пробајте ја и вие!

Како препорака во врска со рецептот, Невена ни кажа: „Секогаш кога правев чорба од риба најпрво ја варев рибата, ја чистев од коските и кожата и за да се згусти правев запршка на стандарден начин. Овој пат употребив филети од ослич и за нејзино згуснување додадов компир.“

Крем чорба од ослич 2

Состојки:

  • 400 гр филети од ослич
  • 4 средно големи компири (500 гр)
  • 1/2 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1-2 лажици ситно сечкан магдонос
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • 2 л вода
  • по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче лук во прав.

Подготовка:

  1. Компирите се лупат и се сечат на плочки, а филетите риба на помали парченца.
  2. Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се ставаат во тенџере со маслото малку да се запржат колку да пуштат мирис.
  3. Потоа се додаваат компирите и рибата.
  4. Се додава водата и зачините по вкус и се остава да вари додека омекнат, околу 15 минути.
  5. Кога компирот и рибата омекнале, тенџерето се трга на страна и се блендираат да се добие мазна смеса, односно чорба.
  6. Се додава магдоносот и лукот во прав и се враќа на оган да повари уште 4-5 минути.
  7. Чорбата се служи топла со сок од лимон. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Сочни ќофтиња од ослич.

Сподели: