Ако мислите дека не можете да замислите јадење или мезе без месо, пробајте ги овие крокети со компир и сусам. Воодушевањето нема да може да престане!
Совршени за долги разговори со пријателите, филмски вечери во топлиот дом или различни домашни забави.

Состојки:
- 500 гр компир
- 200 гр брашно
- 40 гр путер или маргарин
- 50 мл вода
- прстофат сол по вкус
- суви зачини по желба
- 150 гр кашкавал
- 200 гр сусам
- масло за пржење.
Подготовка:
- Компирите измијте ги, излупете ги и исечени на коцки сварете ги во посолена вода.
- Штом се свариле, тргнете ги од огнот, исцедете ги и изгмечете пире од нив.
- Во садот со топлото пире додајте ги зачините и путерот/маргаринот.
- Кога смесата малку ќе се излади, додајте го и брашното, претходно разматено со малку од водата во која се варел компирот. Замесете тесто.
- Тестото поделете го на парчиња во големина по желба.
- Во секое од парчињата ставете коцка кашкавал и обликувајте топка. Тука треба да внимавате да не остане простор во кој ќе се гледа кашкавалот, мора да биде добро обвиткан.
- Крокетите извалајте ги во сусам и пржете ги во сад со повеќе масло.
- Пржените крокети вадете ги врз хартија, за да може вишокот на маснотија да се впие во неа. Послужете топло и уживајте!
Ви препорачуваме да прочитате: Печени крокети од компири и мелено месо.