„Спомени од дестството! Совршено крцкави, неизмерно вкусни и направени од вештите раце на мајка ми! – Ете на тоа ме потсетуваат овие крцкави вртени стапчиња. Мајка ми ни ги правеше од кога знам за себе, па сега со огромно задоволство ги правам јас. Пријатните емоции од сеќавањата на крцкањето и уживањето во дружбите, родендените, ме поттикнаа да научам да ги правам совршено како неа. Сите кои ги пробаа, се воодушевија и затоа ви ги препорачувам! – вели Катерина од нашиот тим.
„Одлично одат со пиво за мезење со друштвото, за крцкава забава на детски родендени и разни забави, супер се за слави, за на патувања, за секаде! – срдечно препорачува Катерина.

Состојки:
- 1 коцка квасец
- 250-300 мл млака вода
- 150 Брилијант масло
- 1 лажица ситна црвена пипер
- 200 грама сусам
- 20 грама ким
- 2 лажички ситна сол
- 1 кг брашно.
За премачкување и одозгора:
- 1 јајце
- крупна морска сол од Витаминка по потреба.

Подготовка:
- Во сад ставете ги квасецот и млаката вода. Измешајте и оставете кратко да се соединат, па додајте го и Брилијант маслото.
- Во друг поголем сад измешајте ги брашното, солта, ситната црвена пипер, кимот и сусамот.
- Додајте ги течните состојки во садот со измешаните суви состојки.
- Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела. Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора.
- Така истенчената кора исечете ја на хоризонтални ленти со ширина од 8-10 мм, а потоа пресечете на половина по должина.
- Земете една лентичка, спојте и ги краевите, малку истегнете и спирално извртете ја. Веднаш ставајте ги во плехот за печење, кој може да е обложен со хартија или да е премачкан со Брилијант масло. Постапката повторувајте ја додека завршите со сите ленти.
- Рерната загрејте ја на 200 степени.
- Пред печење, оформените вртени стапчиња со зачини премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по ваш вкус.
- Печете ги на 200 степени за време од 7-10 минути, зависно од рерната.

Совети плус:
- Стапчињата се доста тенки, па најкарактеристично во овој рецепт е печењето. Пред крајот посебно внимавајте да не ви изгорат и пазете ги.
- За да добиете стапчиња кои се прави, ставајте ги директно во плехот за печење откако ќе ги оформите.

Препорака плус од авторот:
Ако сакате да направите поголема доза, замрзнете ги и бидете без грижа. Проверено ми е! – Квалитетот не се менува, а за само неколку минути по вадењето од замрзнувач може да ги јадете.
Ако го пробате рецептот и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе испробани рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.