Нашиот тим е среќен што ја има! Клара Бос секогаш предлага интересни и нови комбинации, а такви се и овие крцкави колачи со цитрон и лешници. Бидејќи се суви, одлично се совпаѓаат со вкусно црно кафе, а зашто не и друг напиток по желба. Направете ги, поканете пријатели и на здравје!

Состојки:
- 250 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 1 јајце
- 65 гр маргарин
- 5-6 лажици сок од цитрон или вода
- 1 ампула арома од цитрон (или рендана кора од цитрон/лимон)
За чоколадирање:
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
- околу 50 гр ситно сечкани лешници (ореви или бадеми).
Подготовка:
- Од сите состојки замесете мазно тесто.
- Сплескајте го малку со рака и обликувајте го во четвртаста форма.
- Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го барем половина час во фрижидер.
- На набрашнета површина развлечете го тестото и со помош на калапчиња извадете форми.
- Наредете ги во плех обложен со пекарска хартија и печете ги на 180 степени, околу 10-12 минути, при што се внимава да останат бели, да не потемнат.
- Откако ќе се изладат, растопете 100 гр чоколадо со малку масло и макајте ги колачите од двете страни.
- Ставајте ги врз пекарска хартија или некоја друга погодна подлога, а врз стопеното чоколадо посипете со крупно мелени лешници или јаткасти плодови по желба.
Рецептот го испратил: Клара Бос