krckavi srce kolaci so marmalad 1

Крцкави срце колачи со мармалад

Постапката е едноставна, а вкусот полн и совршено добар! За кратко може да уживате во неверојатно добри колачи. Издвојте малку време и изненадете ги саканите со крцкави срце колачи со мармалад, ќе ви бидат благодарни.

Љубовта е благословено чувство кое треба да се слави што почесто, а не само за време на Св. Валентин. Како и да е, разговорната еуфорија и желбата да се подари нешто, беа наша инспирација да ви ги предложиме овие убави колачи. Рецептот ни е проверен, а еве кои состојки ги користевме ние за нивната подготовка.

krckavi srce kolaci so marmalad 2

Состојки:

За колачи:

  • 300 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 250 путер или маргарин
  • 100 гр мелени ореви.

За фил и декорација:

  • мармалад со вкус по избор
  • по желба за наросување шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се става претходно омекнатиот путер или маргарин.
  2. Потоа се додаваат шеќерот, ванилиниот шеќер, оревите и брашното. Сите состојки се  мешаат убаво и добро се меси, за да се добие мазно тесто.
  3. Од тестото се расукува кора и се прават тркалезни форми. На половината од нив, со калап за срце им се прави отвор.
  4. Припремете ја тавата за печење така што ќе ја намрсите или ќе ја обложите со хартија за печење. Колачите наредете ги во тавата. Печете ги во претходно загреана рерна на 200-220 степени, додека заруменат.
  5. Откако ќе се изладат се зема едно парче кое е полно, се премачкува со мармалад по избор и потоа се поклопува со парче на кое има отвор во вид на срце. На крај, по наросуваат со шеќер во прав и се спремни за дегустација. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.

Сподели: