Летото е идеално за ладен чај кој освен што ќе ве освежи, ќе ви помогне за забрзување на метаболизмот и намалување на вишокот на килограми. Токму затоа, со вас го споделуваме рецептот за ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Лимоните може да ви помогнат за слабеење, а исто така се добри за здравјето. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси, а киселината која ја содржат го помага варењето на храната и го штити црниот дроб. Но, постојат и други причини: лимоните имаат диуретски својства, помагаат за детоксикација и го поттикнуваат согорувањето на мастите. Покрај лимоните, портокалите и нането се познати како сојузници на добрата линија, помагаат за подобро варење на храната и забрзување на процесот на слабеење.
Состојки:
- 4 чаши вода
- 2 ќесички зелен чај
- 1 лимон (кора и сок)
- 1/2 портокал (кора и сок)
- 4 до 6 листови нане
- стевија, мед или јаворов сируп за засладуваење по желба
- мраз за сервирање.
Подготовка:
- Лимонот го миеме и ја рендаме кората на ситната страна на рендето. Потоа го цедиме сокот од лимон.
- Портокалот го миеме и го пресекуваме на половина. Потоа, ја рендаме кората на ситната страна на рендето. Сокот од портокал го цедиме.
- Во тенџере на оган ја ставаме водата да се вари. Во тенџерето ја додаваме ренданата кора од лимон и портокал. Ги додаваме и свежите листови нане. Штом водата зоврие, тенџерето го тргаме од оган.
- Ги додаваме ќесичките зелен чај. Оставаме околу 3 до 5 минути. Потоа, ќесичките ги вадиме од чајот и го оставаме да се излади.
- Изладениот чај го цедиме и ги додаваме цедниот сок од лимон и портокал. Во чаши за сервирање ставаме коцки мраз и налеваме од изладениот чај. Сервираме со гранчиња лимон и парчиња портокал. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Чај од магдонос за намалување на целулитот.