Ладно цедено масло од чиа семе - заштитник од оксидативен стрес и помагач на здравјето 1

Ладно цедено масло од чиа семе – заштитник од оксидативен стрес

Чиа маслото е моќен антиоксиданс и го заштитува телото од оксидативен стрес. И сето ова го добивате само со една лажица на масло од чиа семе, но доколку истото е добиено со ладно цедење. Во продолжение дознајте нешто повеќе за ова масло.

Чиата е едногодишно растение од фамилијата питомо нане. Се одгледувало уште во времето на Ацтеките и Маите. Името чиа е древен збор од јазикот на Маите и значи „сила“. Чиата природно вирее во Јужна и Средна Америка, т.е во Перу, Гватемала, Боливија, Парагвај и Мексико. Со пресување на нејзиното семе се добива ладно цедено масло, кое има бројни здравствени придобивки.

масло од чиа

Во ова масло масните киселини се во идеален сооднос кој изнесува 3:1. Богато е со незаситени масни киселини како омега 3 (дури 60%), омега 6 и 9. Тоа е одличен извор на минералите цинк, калциум, железо и магнезиум, а содржи и бакар, фосфор и калиум. Од витамините изобилува со А, Б, Ц и Д, а претставува и одличен извор на протеини и растителни влакна. Нашите пријатели Фила го произведуваат и ни овозможуваат на сите нас да ни е лесно достапно на пазарот, па се ангажиравме да дознаеме неколку корисни насоки и информации. Во оваа прилика ги споделуваме со вас, а еве за што разговаравме.

Зошто секогаш да избираме ладно цедено масло од чиа семе?

Сите ладно цедени масла имаат врвен квалитет, а тоа е така бидејќи се добиваат без термичка обработка. Тие се добиваат со гмечење на семињата. Со процесот на рафинирање, маслата ги губат нивните природни и медицински својства. Додека пак, оние кои се механички добиени, со постапка на ладно цедење, ги зачувуваат корисните состојки во што поголема мера. Вака добиените масла се оригинални по својот квалитет и специфичен вкус.

Како ладно цеденото масло од чиа семе го поддржува нашето здравје?

Како и чиа семето, така и маслото добиено од него го заштитува нашето тело снабдувајќи го со есенцијални микронутриенти. Ова масло претставува најсилно природно масло кое го зајакнува и заштитува имунолошкиот систем. Има широк спектар на превентивни и медицински цели:

  • овозможува регенерацијата на кожата
  • го поддржува растот на косата и ноктите
  • ја забрзува работата на метаболизмот
  • го стимулира топењето на мастите
  • помага во одржувањето на идеална телесна тежина
  • помага при кардиоваскуларни заболувања
  • превенира некои видови на канцер.

Како правилно се употребува ладно цеденото масло од чиа семе?

Ладно цеденото масло од чиа семе има ниска термичка точка, па не се препорачува да се загрева. Ова масло не треба да се користи за длабоко пржење, печење или варење, туку само ладно како додаток во салати, печени риби, зеленчук или пак за подготовка на здрави сосови. Доколку го користите за терапевтски цели тогаш се препорачува да консумирате најмалку 1 лажица масло од чиа семе на ден.

Ладно цедено масло од чиа семе за нега на кожата и косата

Козметичката корист е повеќекратна. Маслото добиено од ова семе брзо се апсорбира, не остава мрсни траги и ја прави кожата нежна и мазна. Ја затегнува, ги отвора порите, отстранува флеки, спречува иритации, ја хидрира кожата и ѝ го враќа младешкиот изглед. Покрај тоа, ги намалува брчките и ја заштитува кожата од оштетување. Им се препорачува на лица со чувствителна кожа, а успешно ги отстранува и темните кругови околу очите. Додека пак, за нега на косата, се нанесува во најголема мера на влакното, а само малку на коренот, затоа што тоа е доволно за косата да сјае и да се регенерира.

Каде може да се најде?

Фила негувајќи го своето мото за здрав начин на исхрана, во нејзината палета, покрај другите ладно цедени масла, го произведува и ладно цеденото масло од чиа. Го има во сите поголеми маркети, продавници за здрава храна, а може да го купите и од нивната интернет продавница.

Препорака плус: Освен што може да си набавите ладно цедено масло од чиа, на задоволство и корист за сите нас, на нашиот пазар достапен е и сапун од ладно цедено масло од чиа. Сапунот можете да го набавите преку онлајн продавницата на Фила или да го купите од поголемите маркети ширум земјата.

сапун од чиа семе

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: