Секој кој има мали деца знае колку е тешко истите да се убедат да испијат некој лек доколку истиот не им се допаѓа по вкус, облик или боја. Па затоа, наредниот пат кога вашето дете ќе има настинка или грип, направете му ги овие лековити гумени бонбони кои сигурно нема да ги одбие.
Овие гумени бонбони се направени од природни состојки и имаат навистина пријатен вкус, па и децата сигурно ќе ги обожаваат. Направете ги и бидете подготвени за сезоната со настинки и грип.

Состојки:
За сируп од бозел:
- 2/3 чаша црн бозел
- 3 ½ чаши вода
- 2 лажици свеж ѓумбир (може и во прав)
- ½ лажица каранфилче
- 1 лажица цимет
- 1 чаша мед.
За гумени бонбони:
- 1 чаша сируп од бозел
- ½ чаша топла вода
- ¼ чаша желатин во прав
- 1 лажица кокосово масло
- силиконски калапи.
Подготовка и начин на употреба:
- Најпрво подгответе го сирупот од бозел, така што бозелот, водата, ѓумбирот, каранфилчето и циметот ќе ги ставите во еден сад да зовријат.
- Откако ќе зовријат, намалете ја температурата на шпоретот и оставете го сирупот да вари на тивко околу 45 минути, додека половина од течноста испари.
- Откако ќе го тргнете сирупот од шпорет, оставете го малку да се излади па процедете го и додајте му го медот. Добро промешајте додека добиете хомогена смеса.
- Вака подготвениот сируп ставете го во чисти и стерилни тегли.
- Откако ќе го подготвите сирупот многу лесно можете да ги подготвите и гумените бонбони. Најпрво силиконските калапи премачкајте ги со кокосово масло.
- Земете ¼ чаша сируп од бозел промешајте ја со желатинот. Оставете го желатинот да се набабри. Потоа, кратко загрејте го за да се растопи желатинот.
- Во садот со растопениот желатин додајте ½ чаша вода и остатокот од сирупот. Добро измешајте и со оваа смеса наполнете ги силиконските калапи.
- Наполнетите калапи оставете ги во фрижидер околу 4 часа.
- Вака подготвените гумени бонбони може да ги консумирате неколку пати во текот на денот.
Ви препорачуваме да прочитате: Лековито лижалче за болно грло.