Засладете се и вие со парче страчатела торта! Има лесно приемлив и одличен лесен вкус кој предизвкува слатки сензации, но не прави да се чувствувате презаситено. Декоративна е и погодна за секакви свечени пригоди и прослави, а зошто не и убави домашни собири. Не пропуштајте што поскоро да уживате во неа!

Состојки:
Пандишпан:
- 4 јајца
- 10 лажици шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 8 лажици масло
- 8 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 ќесичка прашок за печиво
Фил:
- 350 гр слатка павлака
- 2 лажици мед
- 170 гр кондензирано млеко
- 100 гр рендана чоколадо за готвење.
Подготовка:
- Најпрво се подготвува пандишпанот. Јајцата, шеќерот и ванилата се матат во светла кремаста смеса.
- Се додава маслото и малку се мати.
- Брашното, какаото и печивото се мешаат и се додаваат во смесата, па убаво се меша со лажица.
- Смесата турете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап (големина 26см) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
- Печениот пандишпан оставете го да се излади, а во меѓувреме подгответе го филот.
- Изматете ја слатката павлака со медот, додека се зацврсти, па додајте го кондензираното млеко и продолжете со матење за да се изедначат.
- На крај додајте ја чололадата и измешајте со лажица.
- Пандишпанот исечете го на половина. Ставете половина од филот помеѓу двете половинки пандишпан, а останатата половина ставете ја од горе и обликувајте ја тортата.
- Оставете ја во фрижидер малку да се излади, а потоа послужете ја.
На здравје!