Летото е прекрасен период кој изобилува со разни зеленчуци, па во последно време имаме нова омилена комбинација за летни мезе брускети! Бевме сигурни дека вреди да ја споделиме, па еве како да ги направите.
Лесно и брзо е, а сите дегустатори ќе бидат задоволни и со насмеани лица. Идејата може да ја користите како мезе или лесен оброк. И во двата случаи неизмерно ќе уживате.

Состојки:
- 1 француски багет
- Брилијант масло од Витаминка по потреба
- 1 помлад модар патлиџан
- мешавина од црн, бел, црвен бибер и крупна морска сол од Витаминка
- 2-3 домати или 10-тина шери доматчиња
- 100-150 грама бело сирење
- капари или маслинки по вкус
- прстофат оригано по вкус
- ливчиња свеж босилек за декорација.
Подготовка:
- Најпрво измијте го модриот патлиџан и оставете го да се потсуши.
- Лебот насечете го на кришки со дебелина од 1 см.
- Потоа, на секоја од нив, налејте по неколку капки од Брилијант маслото.
- Модриот патлиџан исечете го на кругови со дебелина од 4-5 милиметри и распоредете по 1 до 2 кругови врз секоја брускета, зависно од големината на лебот. Додајте по малку од Брилијант маслото врз секој од модрите патлиџани. Потоа, зачинете ги со мешавината од црн, бел, црвен бибер и крупна морска сол. Овој спој на зачини, ќе им даде феноменален вкус на брускетите.
- Вака припремените брускети ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, за време од 15-20 минути. Откако лебот ќе стане крцкав, а модриот патлиџан добил убава нијанса, може да ги извадите од рерната.
- Во меѓувреме, припремете ги останатите состојки. Доматите измијте ги и насечете ги на парчиња со големина од 1 до 2 см.
- Сирењето издробете го или насечете го на коцки.
- Врз секоја од испечените брускети ставете по неколку парчиња домат, малку сирење, поросете со прстофат оригано за арома и додајте капари или маслинка по желба.
- На крај декорирајте со ливчиња свеж босилек и послужете. Уживајте во светот на вкусовите, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Сончогледово масло против брчки, акни и стареење.
*Спонзориран рецепт.