Зошто се јавува летно депресивно расположение 1

Зошто се јавува летно депресивно расположение и како да си помогнете?

Летото обично е придружено со безгрижни денови, сонце, патувања, плажа, коктели, дружење со најмилите и накратко речено неизбежна забава, но кај некои се јавува и летно депресивно расположение. Тоа уште се нарекува и „летна депресија“. Тука имаат влијание рекламните кампањи и социјалните мрежи се поврзани само со чувство на безгрижност и релаксација. Па, тука се и пријателите кои секогаш нè прашуваат какви ни се плановите за летото и споделуваат фотографии од нивните незаборавни денови.

Често пати сите ние се чувствуваме депресивно бидејќи и оваа година нема да се исполнат нашите желби за летото. Се прашуваме како може на сите околу нас да им е толку убаво, а само нас не, зошто се чувствуваме така и дали можеме ли да си помогнеме. Одговорот на ова прашање и многу други ни ги даде Катерина Леватич, психолог и психотерапевт.

Зошто се јавува летно депресивно расположение 2

Која е причината за летно депресивно расположение?

Летната депресија нема клиничка дијагноза, туку е поим се поврзува со зголемен ризик од стрес, а причината се поврзува со доаѓање на летото и сè што тоа носи, од незадоволство за изгледот до финансиска грижа и чувство дека нешто пропуштаме во споредувајќи се со другите.

Постојат неколку фактори кои придонесуваат за ваквите чувства. Пред сè потребна е промена на распоредот. Во едно истражување родителите кои имале деца кои одат на училиште, целосно го промениле распоредот и се обиделе да најдат начин да се грижат и да се забавуваат со децата имале олеснување.

Потоа, со зголемувањето на температурата, доаѓа и време во кои сме нервозни поради топлината и ја губиме желбата за активности кои инаку ги сакаме, а всушност имаме потреба да се изладиме. Исто така ни е потребна и полесна облека, a таа открива многу и понекогаш придонесува и за социјална изолација. Луѓето честопати избегнуваат да се дружат, да одат на базен или плажа за да не мора да се слечат пред другите, ако се незадоволни од изгледот на своето тело, кажува психологот.

Исто така, додава дека главната улога за зголеменото ниво на стрес што го чувствуваме во текот на летото играат финансиите. Луѓето често го изедначуваат летото со одење во море, а факт е дека за многумина овој чекор претставува сериозен финансиски товар. Од една страна, можеме да се чувствуваме депресивни затоа што не можеме да си дозволиме да одиме со нашето семејство, а од друга страна, ако одиме, често мислиме дека не требало да трошиме толку многу пари во текот на одморот. На крајот на летото доаѓаат и трошоците за припремање на децата за на училиште, а тој трошок може да биде и многу голем.

Како да се ослободите од депресивното расположение?

Ако работите на себе и предвреме планирате, ова лето можете да го избегнете депресивното расположение или барем да го ублажите. При тоа, најважно е да избегнете споредување со другите.

Немојте да се мачите и занимавате со друштвените стереотипи

Правете се што можете за да се чувствувате добро, а не за да се покажете пред другите. И правете го тоа во текот на целата година, не само во текот на летото.

Немојте да се занимавате со тоа дека кај другите изгледа се поедноставно, затоа што не знаете како навистина се чувствуваат и со што се борат во своите четири ѕида. Ако некој на социјалните мрежи објави фотографија како од сон, тоа не значи дека сè во животот му оди лесно. Можете да направите најубави летни спомени без разлика каде се наоѓате. Прскање со вода во сопствениот двор, читајте книга под сенка на дрво, гледајте филм на отворено, одете на бесплатните летни концерти и многу други занимации кои можат да ви текнат може да направите лето за памтење, заклучува Катерина Леватич од Советувалиштето Вараждин.

Друго, навистина е многу важно да се сакате себеси и своето тело. Прифатете се онакви какви што сте. Па, а што ако вашето тело не изгледа како на модел? Разновидноста е зачин на животот и секое човечко суштество е убаво и вредно. Вашите пријатели не се дружат со вас поради вашиот изглед, туку затоа што сакаат да бидат во вашето присуство. Не им го земајте тоа задоволство, вели Катерина. И запомнете, социјалните мрежи не го дефинираат вистинскиот живот, ниту пак поради неможноста да отидете на море или на некои тропски предели сте помалку вредни.

Ви препорачуваме да прочитате: Шафранот како природен лек против депресија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: