лук - природен антибиотик и борец против вируси

Лук – природен и ефикасен борец против вируси

Уште од далечното минато луѓето кои често користеле лук во својата исхрана биле многу поздрави во споредба со оние кои не го консумирале или го избегнувале. Без штетни страни ефекти, лукот е 100% природен антибиотик и ефикасен борец против вирусни заболувања, а тоа е факт кој никој од нас не смее да го занемари.

Штетното влијание од честата употреба на антибиотици и други лекови ги тера луѓето да се свртат малку повеќе кон природата и домашно подготвените јадења со цел им се спротивстават на разните вирусните и бактериските заболувања, а лукот е еден од најефикасните природни борци кои го штитат здравјето.

Во врска со позитивните карактеристики на лукот добро е да се нагласи дека е одличен против настинки и мутирани вирусни промени, треска, силна главоболка, грчеви во стомакот, дијареа, повраќање и целосен колапс на имуниот систем. Тој одлично се справува со сите нив и за многу кратко време го ревитализира организмот, враќајќи го во нормала.

лук - природен антибиотик и борец против вируси

Истражувањата покажуваат дека дејството на лукот е скоро 100 пати поефикасно од дејството на разни популарни антибиотици против болести кои се предизвикани од бактерии, а често се пренесуваат преку храната.

Со пасирање на чешнињата лук се ослободува алицин, кој докажано помага во намалувањето на холестеролот и крвниот притисок, но исто така спречува стеснување на крвните садови. Алицинот заедно со сите други состојки кои ги има во лукот ги убиваат, или неутрализираат штетните вируси и бактерии кои предизвикуваат настинки, грип и болки во ушите, а без да предизвикаат притоа било каква штета во организмот.

Повозрасните лица кои многу често како додаток во исхраната го користат лукот во свежа форма или подготвен како намаз (истолчен и измешан со маслиново масло), докажано е дека ретко, а речиси никогаш не заболуваат од вирусни инфекции.

Сподели: