За непријатниот здив никој не сака да разговара, ни оние кои патат од него, ниту оние кои се наоѓаат околу личности со лош здив. Тоа е една јавна табу тема – сите ја забележуваат, но сите молчат.
Можеби најбрзиот начин да се ослободите од непријатниот здив е да земете неколку ливчиња свеж магдонос. Магдоносот има антисептички својства и содржи хлорофил, што е одлично во корист на добар здив. Треба да знаете дека делуваат само свежи листови, кои треба кратко да ги жвакате, а потоа може да ги проголтате или не, зависно од тоа како вас ви годи. Слично дејство имаат и листовите од нане и кориандер, па може да се погрижите за себе и со нивна помош.

Во случај да не можете да најдете свежи листови од магдонос, може да се послужите со друго решение. Подгответе малку појака мешавина од вода и лимон, односно течност која наликува на јака лимонада без шеќер. Киселината од лимонот делува неутрализирачки врз мирисите и е од особена корист ако сте јаделе лук или кромид, затоа што го враќа балансот во усната шуплина.
Совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од лошиот здив
Лошиот здив може да биде краткотраен или долготраен. Одредени намирници, цигарите и алкохолот може да доведат до лош здив, но тоа за среќа е привремен проблем. Ако веќе долго време мачите мака со здивот, а имате здрави заби, веројатно се работи за бактерии. Консултирајте се со својот доктор затоа што тоа не е проблем без решение и може да се ослободите од него многу брзо. Покрај тоа, следете ги следните совети:
- Одржувајте ја оралната хигиена правилно и редовно.
- Пијте многу вода.
- Освежете се со гума за џвакање без шеќер.
- Престанете да пушите, намалете ја консумацијата на кафе и алкохол.
- Пијте јогурт, а избегнувајете консумација на свеж лук и кромид, доколку планирате да излегувате од дома.
Ви предлагаме да прочитате: 12 лесни совети за свеж здив.