Маслото од камилица е едно од најшироко користените масла во ароматерапијата и е корисно за намалување на стресот и анксиозноста, како и за третирање на различни заболувања на кожата меѓу кои акни, егзема, сува кожата, дерматитис и чиреви. За да ги искористите придобивките кои ги нуди, може да купите или да ги набавите потребните состојки и дома да направите масло од камилица. Заинтересирани сте? Тогаш продолжете да ја читате оваа Направи сам содржина и следете ги чекорите за да направите масло од камилица.
За да направите масло од камилица и да ги искористите сите придобивки, прво набавете ги потребните состојки и материјали. Тоа се:
- ½ чаша цветови од камилица
- 250 мл екстра девствено маслиново масло
- 1 лажица витамин Е по желба
- ¼ лажица масло од рузмарин по желба
- даска за сечкање
- мала пластична инка
- цедилка.

Чекори за подготовка на домашно масло од камилица
За да добиете масло од камилица со најдобар квалитет ви препорачуваме да купите суви цветови, а доколку сакате да ги соберете од блиската ливада или можеби одгледувате во вашиот дом, тогаш потребно е прво да ги исушите. Тоа е многу важно, затоа што влагата во маслото може да доведи да се формираат габички.
- Сувите цветови добро исчистете ги и отстранете ја прашината, а потоа ставете ги врз даската за сечкање и оставете ги да се исушат потполно.
- Следниот чекор е да стерилизирате мало стаклено шише или тегла, така што садот треба да го ставите во вода која врие за неколку минути, а потоа потребно е да се исуши.
- Во шишето ставете маслиново масло додека се дополни ¾ од вкупниот волумен. Додајте ги цветовите од камилица и измешајте додеа цветовите комплетно се покриени во маслото. Шишето затворете го и ставете ги на безбедно место на директна сончева светлина.
- Секој ден отворете го и избришете ја влагата која може да се појави на капакот. Потоа силно измешајте. Оваа постапката повторувајте ја во рок од 2 недели.
- Потоа, течноста од шишето процедете ја и турете ја во друго стерилизирано шише. На крај додајте го маслото од рузмарин и витаминот Е, па измешајте ги сите состојки заедно. Вашето масло од камилица е спремно за употреба. Вака припременото масло чувајте го на темно и суво место.
Ви предлагаме да прочитате: Камилица – лек против многу болести.