Имаш проблем со псоријаза, витилиго или егзема? – Можеби маслото од црно семе ќе ти помогне. Благодарение на антиоксидансите и биоактивни состојки кои ги содржи, маслото од црно семе нуди бројни придобивки за здравјето на кожата и косата, го намалува воспалението и го поддржува слабеењето. Особено е значајно што последните истражувања докажале дека маслото од црно семе може да се користи како природен третман за псоријаза и витилио.
Познато по неговите моќни медицински карактерискити, маслото од црно семе се користи како природен „лек“ за третман на голем број на состојби:
- Главоболки
- Болки во половината
- Висок крвен притисок
- Инфекции
- Воспаленија.
Како што споменавме погоре, придобивките се потврдени со научни истражувања, а овој пат ќе се задржиме на две позначајни – псоријаза и витилиго.
Маслото од црно семе се користи како дополнителен природен третман кај лица со псоријаза
Луѓето ширум светот, долги години користат масло од црно семе како помош при псоријаза. Неколку мали студии укажуваат дека маслото од црно семе може да биде корисно при псоријаза и да ги намали симптомите доколку се нанесува локално. Други студии кои биле правени со животни укажуваат дека маслото може да го намали воспалението и другите симптоми при псоријаза.
Може да помогне и при третман на витилиго
Што велат истражувањата на оваа тема? – Ајде да разгледаме. Студиите потврдуваат дека маслото од црно семе може да биде корисно за третман на витилиго – нарушување кое предизвикува губење на пигментацијата на кожата.
Една студија во која биде опфатени 33 луѓе со витлиго, потврдила дека аплицирањето на крем кој содржел масло од црно семе ја подобрил пигментацијата на рацете, лицето и гениталиите. Учесниците аплицирале два пати од кремот со масло од црно семе во период од 6 месеци.
Научниците веруваат дека овие придобивки на маслото на црно семе се должат на способноста за распределување на меланинот на кожата. Меланинот е природен пигмент кој се наоѓа на косата, кожата и очите.
Маслото од црно семе е достапно и кај нас!
Искористи ги сите придобивки што ги нуди и набави си масло од црно семе. Достапно е кај нас и може да се најде во поголемите маркети или да се нарача онлајн од веб продавницата на Фила.
Во нивната палета може да пронајдеш природен сапун со масло од црно семе кој се препорачува за третман на мрсна и проблематична кожа. Кликни тука, разгледај кои производи ги нудат и прочитај повеќе за нивните придобивки.
Како се користи маслото од црно семе?
Се препорачува да земате по 1 лажица од ова масло, во комбинација со мед или свежо цеден овошен сок пред појадок. Доколку се борите против канцерогени заболувања земајте по 3 лажици на ден. Консумирајте го заедно со терапијата кој ви ја препишал доктор и во комбинација со здрава храна.
Прочитај повеќе: Масло од црно семе – топ 5 придобивки за здравјето.
*Текстот е овозможен од Фила.