Масло со зачини – рецепт и совети како најдобро да го направите и користите

Ви откриваме како дома и лесно да си направите масло со зачини, кое секојдневното јадење ќе го претвори во потполно ново доживување! Плус, споделуваме совети за чување и начини на употреба на вака припременото масло.

Да започнеме со употребата, како најважен критериум!

Зачинете ја омилената свежа салата и почувствувајте нови вкусни сензации! А, освен со салата, идеално се вклопува како додаток за месо и риба на скара, како и во тестенини. Може да зачините и ориз, компири, мешунки и сите останати зрнести намирници како просо, хељда и сл. Испечете лепче и нанесете малку од маслото со зачини, фантазија од едноставност!

масло со зачини употреба

Кои зачини се добри за подготовка на вакво масло?

Добрите избори ја креираат следната листа: босилек, ловоров лист, магдонос, копар, нане, рузмарин, оригано, мајчина душица, естрагон, мајоран и лук. Исто така може да се додаваат и сушени пиперки или лути феферони и кора од цитрусни овошја.

Свежи или суви зачини, како да дозирате за да подготвите добро масло?

Ако користите свежи зачини добро измијте ги и убаво исушете ги со кујнска хартија. Свежите зачини може да се и во поголема количина, на пример 3-4 гранчиња во 500 мл масло. 

А, ако користите суви зачини, 1 до 2 лажички се соодветни на 250 мл масло. Додајте ги во маслото и добро измешајте. Ако сакате посилен вкус, слободно ставете поголема количина на зачини.

Како се складира и колку долго?

За кој и начин да се одлучите, со свежи или суви зачини, со еден или со микс од зачини по избор, добро затворете со капак и оставете садот да стои на темно и ладно место 3-6 недели. Препорачуваме да изберете теглa за да може повремено во периодот на стоење да промешувате, а ако изберете шише, тогаш повремено протресувајте го. Додека стои може да пробате и по желба да додадете зачини за појак вкус.

Знаете ли дека може да направите инстант масло со зачини?

Додајте ги зачините во маслото како што е опишано погоре, а потоа загрејте го на 60 степени и одржувајте ја температурата 5 минути. Внимавајте на температурата да не е повисока, затоа што ќе го оштетите вкусот и квалитетот на маслото. Откако маслото ќе се загрее, оставете го да отстои со зачините додека го постигне посакуваниот вкус, а потоа отстранете ги. 

Едноставен испробан рецепт за масло со зачини

Состојки:

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во стаклен сад, затворете го и оставете го да стои до посакуваниот вкус. Запазете ги препораките опишани погоре – посебно зачините да не се влажни, и на здравје!  

Нутритивна анализа – калории и придобивки:

  • 500 мл ладно цедено сончогледово масло содржи околу 4000 калории или тоа се 33 лажици масло, а една лажица масло содржи 120 калории. На крај имате и подетална разработка на ладно цеденото сончогледово масло.
  • Рузмаринот е богат со витамини и минерали како калциум, железо и магнезиум.
  • Магдоносот е богат со витамините А и К2.
  • Лукот е богат со витамини и минерали како витамин С, калиум и фолна киселина.
  • Лутите чили пиперчиња содржат капсаицин кој има антиоксидантни својства и може да помогне во контролирање на телесната тежина.

Совет плус за рецептот:

  • По желба може рузмаринот да го замените со нане, мајчина душица, копар, жалфија.  
масло со зачини рецепт

Наша препорака е ладното цеденото сончогледово масло на Фила, а еве и зошто:

Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето. Токму оваа постапка имавме можност да ја видиме при посетата на македонската иновативна компанија Фила, каде се произведуваат различни ладно цедени масла. Во нивната палета се вбројуваат ладно цедено сончогледово масло од 500 мл, 750 мл, 1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.

фила сончогледово масло

Ви препорачуваме да прочитате: Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?

*Оваа содржина е овозможена од Фила.

Сподели: