Незгодите во домот се честа појава, особено доколку имате љубопитни деца или пак сте по малку несмасни. Па така, изгорениците на кожата не се ни малку ретка појава. Затоа е добро да имате маст или крем при рака, кој ќе ви се најде во правиот момент. Ви претставуваме рецепт за домашна маст против изгореници која е навистина многу ефикасна.
Оваа домашна маст може да ја користите и против изгореници од сонце, но и за посериозни изгореници кои настанале како резултат на директен контакт со оган или врела вода. Сепак, за оние потешките изгореници, најдобро е да се консултирате си вашиот доктор, пред да нанесете било што на вашата кожа.

Како да направите домашена маст против изгореници?
Состојки:
- 1 чаша маслиново масло
- 30 г листови гавез
- 30 г цветови невен
- 30 г цветови кантарион
- 30 г пчелин восок
- 50 капки етерично масло од лаванда.
Начин на подготовка:
- Во сад на пареа ставете го маслиновото масло и додајте ги сушените растенија.
- Потоа, загревајте го маслото на ниска температура за време од 60 минути.
- Откако ќе го тргнете садот од пареа, процедете го маслото низ густа ткаенина или газа.
- Во посебен сад стопете го пчелиниот восок на ниска температура.
- Во стопениот восок додајте ги и процеденото масло и етеричното масло од лаванда.
- Сите состојки добро промешајте ги се додека добиете хомогена смеса.
- Вака добиената маст против изгореници складирајте ја во чиста тегла.
Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите домашна маст против изгореници?