Колку се прекрасни и вкусни овие мачмалоу штангли, ќе знаете само ги ги пробате! Изгледот им е баш супер, па можете да ги правите по повод разни прилики, за детски родендени, забави, како визитарски колачи…
Мачмалоу вкусот е еден од најпосакуваните и потсетник на детството на многумина, па доколку сакате да си направите дома имаме и таков рецепт. Не е сложено, а постапката е детално објаснета тука на овој линк.

Состојки:
- 280 грама мачмалоу бомбони
- 40 грама путер
- 50 грама оризови снегулки
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 грама чоколадо за готвење.
Подготовка:
- Во сад на оган ставете ги бомбоните и путерот и мешајте додека се растопат.
- Потоа додајте ги оризовите снегулки и ванилиниот шеќер.
- Убаво измешајте.
- Смесата турете ја во мал плех обложен со хартија и оставете ја да стои на собна температура околу 2-3 часа за да се стегне.
- Чоколадото стопете го. Со растопеното чоколадо прелејтеја зацврстената смеса одозгора, па повторно оставете да пости додека се стегне чоколадото.
- На крај, исечете на штангли и послужете. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашно мачмалоу.