Овие медитерански лепчиња со сончоглед или мали погачици се многу вкусни, па може да ги искористите и за подготовка на домашни сендвичи.
Рецептот доаѓа од кујната на Славица, а нивниот симпатичен изглед е прична да ги дегустираме. За да ги направите, потребни ви се неколку едноставни состојки, па штом сте расположени за месење, пробајте го овој рецепт.

Состојки:
- 1 кг брашно
- 1 коцка (40 грама) свеж квасец
- 1 мала лажичка шеќер
- 20 гр сол
- 35 грама маслиново масло
- 180 гр лупено семе од сончоглед
- млака вода по потреба.
Подготовка:
- Во сад за месење се ставаат квасецот, шеќерот, една лажица брашно и се додава ½ чаша млака вода. Се меша со лажица за да се растопи квасецот. Потоа, се остава за време од 10 до 15 минути, за да нарасне квасецот.
- Во садот за месење се додаваат преостанатите состојки и се замесува меко тесто. Тестото убаво се меси, врз набрашнета работна површина за време од 5 до 10 минути. Потоа се обликува во форма на топка. Садот за месење се намрсува и во него се става тестото. Се покрива со кујнска крпа и се остава за време од 30 минути, додека двојно нарасне.
- Нараснатото тесто потоа се размесува и повторно се остава кратко да нарасне, по што се дели на мали топчиња (како за сендвич).
- Топчињата се ставаат во претходно припремен плех, обложен со хартија за печење. Лепчињата се оставаат да нараснат за време од околу 15 минути.
- Плехот се става во загреана рерна на 250 степени и лепчињата се печат околу 10 минути. Потоа се намалува температурата на 200 степени и се продолжува со печење за време од 30 – 35 минути. Печените медитерански лепчиња со сончоглед се вадат од рерната и се покриваат со кујнска крпа. Се оставаат да се изладат кратко, а потоа се служат. На здравје!
Рецептот го испратил: Славица Колевска.
Ви предлагаме да прочитате: Мини погачици со кашкавал и сланина.