Во зимските денови на организмот му е потребна дополнителна помош за зајакнување на имунитетот. Токму затоа, комбинацијата од мед и ореви треба да биде вашиот прв сојузник во борбата против настинките и вирусите.
Чистиот и непреработен мед е највредното богатство на природата и се користи во медицината со векови. Освен што е многу вкусен и долготраен, тој е и поздрава замена за бел шеќер и вештачки засладувачи. Ефикасен е во борбата против кашлицата, го забрзува заздравувањето на раните, го подобрува квалитетот на кожата и косата и го зајакнува имунолошкиот систем.

Оревите изобилуваат со хранливи состојки, а заедно со медот се добива енергетска „бомба“ која често се користи како народен лек при анемија, покачен крвен притисок и чир на желудникот.
Кои други здравствени придобивки ги нуди мешавината од мед и ореви?
- Ја намалува главоболката
- Ја нормализира работата на дигестивниот систем
- Помага за побрзо опоравување после породување
- Го зголемуваат либидото кај жените
- Ја зголемуваат потенцијата кај мажите
- Го зајакнува имунитетот
- Ги стабилизира метаболичките нарушувања
- Ја подобрува меморијата и концентрацијата
- Ги ублажува ревматските болки.
Како да подготвите мешавина од мед и ореви?
Состојки:
- 500 г мед
- 500 г ореви
- сок од еден лимон.
Подготовка:
- Оревите исечкајте ги и ставете ги во посебен сад. Додајте го медот и лимоновиот сок и убаво измешајте.
- Мешавината ставете ја и чувајте ја во стаклена тегла.
- Консумирајте 1-2 лажици, три пати на ден. За деца постари постари од 3 години се препорачува 1 лажичка, два пати на ден.
Совети плус:
- По желба, во мешавината од мед и ореви може да додадете и малку цимет.
Ви препорачуваме да прочитате: Има ли разлика помеѓу темен и светол мед?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.