мед и цимет

Мед и цимет – слатка комбинација која го чува имунитетот, помага за слабеење, висок холестерол…

Традицијата никогаш не излегува од мода! Лековите од нашите баби се најприфатливи, природни и лесно достапни. Затоа вреди да ги сочуваме и пренесиме на идните генерации. Иако звучи неверојатно, мешавината од мед и цимет може да помогне во лекувањето на скоро сите болести – тоа сигурно ќе го слушнете од повозрасните. Слатката комбинација го чува имунитетот, се бори против настинка и грип, помага за слабеење, корисна е за намалување на холестеролот… 

Лековитата моќ на медот е докажана со бројни студии, а во комбинација со циметот, помагаат против вирусите, артритис, прекумерната телесна маса и многу други здравствени состојби. Во продолжение дознајте ги тајните од нашите баби и примената на медот и циметот како дел од алтернативната медицина. 

Мед и цимет – слатка комбинација која го чува имунитетот, помага за слабеење, висок холестерол...

Мед и цимет за зајакнување на имунитетот, против настинка и сезонски грип

Секојдневната консумација на мед и цимет го подобрува имунитетот и го заштитува организмот од вируси и бактерии. Шпанските научници откриле дека медот содржи природни состојки кои делуваат антивирусно и го штитат организмот од грип. Затоа медот спаѓа во храна број 1 која треба да се консумира преку целата година, а особено се препорачува во зимско-пролетниот период. 

Доколку сте настинати, консумирајте 1 голема лажица мед со ½ лажичка цимет три дена по ред. На тој начин ќе се намалат симптомите на настинка, кашлицата и проблемите со синусите. 

Имате вишок на килограми? Медот и циметот може да ви помогнат за слабеење

Овој совет сигурно ќе ги интересира нашите читателки кои постојано пробуваат да најдат начини за намалување на вишокот килограми. Во мал сад на оган ставете 1 чаша вода и ½ мала лажичка цимет во прав. Штом течноста зоврие, садот тргнете го од огнот и оставете го околу 15-20 минути да се излади. Потоа додајте 1 лажица медот и измешајте. Оваа мешавина пијте ја на утро на празен стомак, половина час пред појадок. Со редовна консумација резултатите се загарантирани дури и кај екстремно гојазни лица.

Пастата и чајот од мед и цимет може да ви помогнат за намалување на холестеролот во крвта

Слатка паста или топол чај? – Изборот го оставаме на вас, а без разлика за што ќе се одлучите, ќе ги искористите придобивките од природата. Во мал сад ставете 1 лажица мед и додајте ¼ цејлонски цимет. Измешајте за да се соединат. Слатката паста може да ја консумирате на парче интегрален леб, како додаток во смути, овесни каши, мусли… Најдобро е да се консумира наутро. Се верува дека слатката мешавина може да го намали нивото на холестерол во крвта и со тоа да го намали и ризикот од срцев удар.

Додајте 2 големи лажици мед и 3 мали лажички цимет во голема чаша со млак чај. Се верува дека вака подготвениот чај има моќ да го намали нивото на холестеролот за 10% за 2 часа по консумацијата.

Напиток од мед и цимет против артритис

Во чаша со вода помешајте две лажици мед со 1 лажичка цимет во прав. Вака подготвениот напиток пијте го на утро и на вечер. Со редовна консумација на овој напиток може да се излекуваат или намалат симптомите дури и на хроничен артритис.

Комбинацијата од мед и цимет ги ублажуваат болките во желудникот

Медот во комбинација со цимет може да ја намали или целосно излекува болката во желудникот. За таа цел, оваа мешавина треба да се консумира редовно. Со долготрајна употреба успешно помага дури и при чир на желудник.

Помага против лош здив во устата

Жителите на Јужна Америка секое утро ја плакнат устата со топла вода, помешана со едно лажиче мед и цимет. Ова им помага да ја задржат свежината во усната празнина преку целиот ден.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници кои спречуваат болка во грлото.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: