Лесната салата е секогаш одличен избор за вкусен и брз оброк. Оваа мексиканска салата со тестенини, полна со свежи вкусови и неодолив кремаст прелив, ве уверуваме дека ќе ви стане хит за летниот период.
Тестенините се омилен оброк на многу генерации, не само поради вкусот и можноста за одлични комбинации со различни сосови, туку и поради лесната подготовка. Овај рецепт за мексиканска салата со тестенини го најдовме на веб страницата на Сика, па го споделуваме со вас.
Состојки:
- 250 г тестенини
- 1 црвен кромид со средна големина
- 200 г варена пченка од козерва
- 1 зелена пиперка (сечкана на коцки)
- 1 црвена пиперка (сечкана на коцки).
За прелив:
- 1 чаша грчки јогурт (може и ½ чаша павлака со ½ чаша јогурт)
- 3 лажици мајонез
- 100 г рендан кашкавал, по можност чедар
- 2 лажици сечкан магдонос
- 2 лажици сечкан власац или ситно сечкани перца од млад кроми
- 1 лажица буковец СИКА
- 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА
- 2 чешниња лук (дробени на преса или ситно исечкани)
- сок од цеден лимон (зависи од киселоста на лимонот од пола до 1 лимон)
- сол и бибер по вкус.
Подготовка:
- Тестенините сварете ги во солена вода според упатството. Потоа, исцедете ги и оставете ги да се изладат.
- Во меѓувреме, подгответе го преливот. Во сад ставете кашкавал, магдонос, сечкано младо кромидче и лук. Додајте 1 лажица буковец и мелен црвен пипер од Сика.
- Во смесата ставете сок од цеден лимон, 3 лажици мајонез и 1 чаша јогурт. Ставете сол и бибер по вкус и убаво измешајте за да се соединат состојките.
- Во друг сад ставете ги изладените тестенини. Додајте ги варената пченка, црвениот кромид исечкан на ленти, зелената и црвената пиперка и измешајте.
- Вака подготвените тестенини прелијте ги со готовиот кремаст прелив и послужете ги.
Совет плус:
Доколку ја чувате во фрижидер, во оваа салата можете да уживате и до 3-4 дена.
Наша препорака:
За повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете ја веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате: Макало од сушени пиперки и компири.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.