Морските алги ја носат во себе енергијата на морињата и океаните. Тие се сметаат за супер храна, бидејќи се богати со хранливи состојки, а се природен лек за многу здравствени проблеми. Доволно е мала количина на морски алги да се внесе и да ја задоволи потребата на многу витамини и минерали кои се неопходни за добро здравје.
Морските алги го штитат организмот од тешки метали
Иако морските алги се редовно застапени во исхраната на многу консументи на здрава храна на нашите простори, за многу луѓе се сеуште енигма. Една од најинтересните особини на морските алги е нивната антитоксична моќ. Нашите организми се постојано изложени на радијација на тешки метали. Натриум алгинатот, компонента пронајдена во комбу, вакаме, хиџики, араме и аларија алгите, го заштитува телото и се бори против радиоактивните материи и компоненти на тешки метали. Научниците на универзитетот во Монтреал потврдија дека натриум алгинатот во морските алги ја намалува апсорцијата на радиоактивниот стронциум дури до 84%.
Консумацијата на морски алги превенира појава на канцер
Во традиционалната кинеска медицина, морските алги се користат за третирање ендема, нарушувања на тироидната жлезда, фиброидни тумори и во спречувањето на преголемото губење на тежината. Испитувањата покажаа и дека имаат антиканцерогено и антиоксидативно дејство.
Богати се минерали и го штитат здравјето на тироидната жлезда
Дури 36% од составот на сува морска алга го сочинуваат минерални елементи од морето. Од минеталите најзастапени се натриум, калциум, калиум, магнезиум, хлор, сулфур, фосфор, јод, железо, цинк, бакар, селен, флуор, манган, бром, никел и кобалт.
Морските алги содржат јод во толку големи количини што се познати како примарен извор на овој минерал. Најголемата содржина на јод ја имаат кафеавите алги. Многу луѓе ширум светот страдаат од проблеми со тироидната жлезда поради мала концентрација на јод во растителната храна и храната од животинско потекло. Освен на јод, морските алги се одличен извор и на калциум: 4-7% од составот на сува морска алга е калциум. Само 1 g сува морска алга со 7% содржина на калциум има 70 mg калциум, споредено со дневната препорачана доза од 100 mg. Од неколкуте витамини кои ги содржат морските алги, ќе го издвоиме витаминот Б12, кој многу ретко се наоѓа во земните растенија.
Совет плус: Алгите се многу богати со хранливи состојки, па затоа е добро да ги јадете редовно, но во мали количини. Прекумерно внесување на алги може да доведе до вишок на јод, па постои ризик од појава на хиперфункција на штитната жлезда.
Автор: М-р Снежана Андоновска