Моќниот бел слез – најефикасен лек против проблеми со дишните патишта и кожата 1

Моќниот бел слез – најефикасен лек против проблеми со дишните патишта и кожата

Белиот слез е еден од главните борци против настинка и грип. Со векови наназад, тој важи за едно од најлековитите растенија на планетата, а тоа ни малку не е чудно затоа што моќниот бел слез ја олеснува кашлицата, ги ублажува симптомите на астма, го зајакнува имунитетот, а се верува дека со негова помош може да се излечат и многу кожни заболувања.

Белиот слез потекнува од источна Европа и од западна Азија, а денес тој е рспространет ширум целата планета Земја. Неговите лековити својства се навистина огромни, а тоа се должи на тоа што тој изобилува со многу супстанции кои се многу корисни за човековото здравје. Тој содржи: бетаин, аспаргин, етерични масла, растителни влакна, масти, пектини, сахароза, фосфати, јаглени хидрати итн.

Во природната медицина најчесто се користи коренот од бел слез кој се вади во пролет или во рана есен, веднаш после самото цветање. Коренот добро се чисти, се сече на половина, а потоа се сушу во рерна на 40 степени. Вака подготвениот корен од бел слез може да го користите за повеќе заболувања.

Моќниот бел слез – најефикасен лек против проблеми со дишните патишта и кожата 2

Помага против болести на дишните патишта

Коренот од бел слез најчесто се користи за лечење на болестите на дишните патишта, астма, воспаление на грлото и полесни воспаленија на белите дробови. Тој има неверојатна способност во потполност да го раствори слузот и го поттикнува и олеснува неговото искашлување. Него може да го користат луѓе од сите возрасти и нема никакви контраиндикаци. Тоа го докажува и фактот што него може да се дава и на бебиња стари само неколку дена кoга имаат затнат нос.

Помага пртив кожни и очни инфекции

Иако белиот слез е најпознат по својата лековита моќ против респираторни проблеми, тој исто така помага и во лечењето на акни, чиреви, егземи и инфекции на очите. Во случај на кожни заболувања белиот слез се меле и се меша со вода со цел да се добие паста која се користи како облога на инфицираните места, рани, исекотини, чиреви, па дури и на места кои се заболени од псоријаза.

Совет плус: Коренот од бел слез може да се употребува и при проблеми со мочниот меур, грчеви во желудникот и проблеми со варењето и дигестивниот систем.

Ви препорачуваме да прочитате:  Природен сируп за смирување на сува кашлица.

Сподели: