На интернет наидовме на едно многу интересно видео во кое се прикажува како со само неколку постапки да се направи декоративна ќесичка за поклон од обичен бел плик. Нас ни се виде многу креативно и корисно, па решивме да го споделиме и со вас.
Како да направите ќесичка за поклони од плик?
На овој начин не само што ќе заштедите на пари, туку многу лесно може да се снајдете во оние ситуации кога во последен момент ќе забележите дека нема во што да го спакувате поклонот. И што е најважно, вака ќе оставите свој личен печат на она што го подарувате, па секој поклон спакуван на овој начин добива нова вредност. За подетални информации погледнете го следново видео. На вас останува само да ги следите инструкциите и да се забавувате.

Потребни материјали:
- бел плик
- селотејп
- ножици
- печат
- тул или украсна хартија по желба.
Начин на изработка:
- Најпрво залепете го пликот исто како веќе во него да сте ставиле писмо.
- Потоа, со печат по ваша желба декорирајте ја предната негова страна.
- Со украсни ножици пресечете го врвот на пликот, така што ќе направите отвор.
- Превиткајте ги двете страни и дното на пликот.
- Рабовите на дното од пликот превиткајте ги од двете страни и залепете ги со селотејп. За најдобро разбирање на постапката погледнете го видеото.
- Отворете ја ќесичката и порамнете ги двете негови страни.
- По желба внатре може да ставите тул или украсна хартија.
Тоа е целата постапка и вашата декоративна ќесичка за поклони е спремна за подарување. И за крај не заборавајте дека секогаш она што е подарено од срце е највредно!
Ви препорачуваме да прочитате: 4 креативни начини за пакување на подароци.