Направете дома крцкаво похувано пилешко како во ресторан 1

Направете дома крцкаво похувано пилешко како во ресторан

Речиси и да не постои човек кој може да му одолее на вкусното и крцкаво похувано пилешко, меѓутоа ретко кој од нас знае да го погоди кога го подготвува дома. Па затоа, често кога одиме во ресторан и го нарачуваме, му се восхитуваме на прекрасниот вкус и крцкавата текстура. А, како би реагирале кога би ви кажале дека отсега ќе може да уживате во ова задоволство и дома? Ви нудиме еден супер, брз рецепт за крцкаво похувано пилешко кое се подготвува многу лесно и едноставно.

Иако навидум ви се чини дека е невозможна мисија да го постигнете тој ефект во домашни услови, навистина воопшто не е комплицирано, а не ви се потребни ни некои посебни намирници за негова подготовка.

Направете дома крцкаво похувано пилешко како во ресторан 2

Состојки:

  • 1 килограм пилешко месо (стек, копанчиња или крилца)
  • 2 чаши густ јогурт
  • 2-3 јајца
  • 200 грама чипс (можете да користите чипс со вкус на пиперка за подобар и малку пикантен вкус)
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во еден сад изматете ги јогуртот, јајцата, солта и црниот пипер.
  2. Белото пилешко месо најпрво темелно измијте ги и исушете го, а потоа исечете го на потенки и долгнавести парчиња, па ставете го во смесата со јајца и јогурт. По желба, може да употребите крилца или копанчиња.
  3. Потоа, иситнете го чипсот во кујнски сечко или рачно со помош на оклагија или толчник.
  4. Парчињата пилешко кои претходно биле потопени во смесата со јајца и млеко, извалкајте ги во иситнетиот чипс.
  5. Вака приготвеното пилешко може да го пржите во поголема количина на загреано масло во тава или пак да го испечете во рерна. Доколку се одлучите на поздравата варијанта и решите да го испечете, послужете се со решетката од рерната. На неа наредете ги претходно приготвените парчиња месо и печете ги на 200 степени за време од 25-30 минути, додека кората порумени и стане крцкава. За да не ја извалкате рерната, под решетката поставете плех за печење.
  6. Послужете ги сервирани со мешан сос од кечап и мајонез или направете друг сос по ваша желба.

Ви препорачуваме да прочитате: Кентаки поховано пилешко.

Сподели: