Сега можете и дома да го подготвите светски познатото и многу обожавано кентаки поховано пилешко месо! Крцкаво и превкусно, а најчесто комбинирано со неодоливите компирчиња. Овој пат подобрено, печено, а не пржено!
Оние кои се љубители на патувања, сигурно пробале во некое продажно место во големите шопинг центри од светот и веруваме го паметат прекрасниот вкус. Одлично е за мезе, како за домашните, така и за да пречекате гости.

Состојки:
- 500 гр пилешко месо, пожелно е пилешки гради
- 250 гр путер
- 100 гр лебни трошки
- сусам во количина по желба
- 250 гр рендан кашкавал
- 1 лажица мешан зачин
- 500 гр компири за прилог по желба.
Подготовка:
- Доколку правите прилог од компири, прво припремете ги нив. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Оставете ги на страна додека го припремите месото.
- Во чист и сув сад измешајте ги лебните трошки, кашкавалот, сусамот и лажицата мешан зачин.
- Путерот потполно стопете го.
- Месото исечете го на покрупни коцки или оставете го во поголеми парчиња.
- Секое парче месо потопете го во растопениот путер, а потоа ставете ги во смесата со лебните трошки.
- Месото редете го по средината на плехот за печење, а по краевите наредете ги компирите.
- Преостанатата смеса со лебни трошки распоредете ја рамномерно врз компирите и прелијте ги со преостанатиот растопен путер.
- Печете на 200 степени, за време од околу 40-45 минути.
Забелешка: Не го превртувајте месото за време на печењето.
Ви препорачуваме да прочитате: Уштипци од пилешко месо и кашкавал.