Ние ги обожаваме идеите кога од ништо можеме да направиме нешто. Денес имаме баш таква идеја за чија реализација ви е потребно само едно пластично шише. А летото е идеален период кој може да го искористите за забава со вашите деца. Доколку не сте во можност оваа година да си дозволите одмор, оваа прскалка за трева од пластично шише може да ви биде од голема помош.
Со неа може да се разладувате, но и да ги навадите вашата трева и цвеќиња. Децата сигурно ќе ја обожаваат, а на возрасните ќе им ги олесни секојдневните активности околу вадењето на тревникот.
Како да направите прскалка за трева од пластично шише?
Постапката за правење на прскалка од пластично шише е многу едноставна и истата е прикажана на следново видео. На вас останува само да ги следите инструкциите и ова лето да им овозможите на вашите деца екстра забава и освежување, а воедно да си направите и економична прскалка за тревникот во дворот.
Потребни материјали:
- црево за вода
- изолир трака
- празно шише за вода од 2 литри
- игла
- маркер
Начин на изработка:
- На празното пластично шише со помош на маркер обележете по пет дупки од должина, барем во 3-4 повторувања.
- Потоа со игла направете дупчиња на обележаните места.
- Во отворот од шишето ставете го градинарското црево за вода и залепете го внимателно со помош на изолир траката.
- На крај, останува само да ја пуштите водата и забавата може да започне. Децата ќе бидат пресреќни, а вашата трева ќе ви биде благодарна за овој интересен изум.
Ви препорачуваме да прочитате: Искористете пластично шише за затворање на најлонска ќеса.