Нè дели уште еден месец од најлудата ноќ во годината. Па, време е да почнеме со интересни идеи за декорација на новогодишната и божиќната трпеза.
Помеѓу едноставните декорации кои изгледаат елегантно и го надополнуваат сјајот и изгледот на убаво декорираниот дом е и оваа идеја за виткање на салфетки во форма на елка.
Техника за виткање на салфетки во форма на елка
За направите прекрасни салфетки во форма на елка потребно ви е малку време и неколку памучни или хартиени салфети, по можност во зелена боја или боја по ваш избор. Внимателно следете го видеото со инструкциите кои ги пронајдовме за вас, забавувајте се и креирајте ги вашите празнични украси.
- Потребна ви е перфектно коцкаста салфетка. Салфетката свиткајте ја на половина за да добиете форма на правоаголник.
- Правоаголникот свиткајте го на половина за да добиете помала коцка.
- Потоа почнете да ги виткате врвовите, но оставајте околу 1 до 2 сантиметри.
- Завртете ја салфетката од другата страна, но држете ја цврсто за да не се измести.
- Време е да ги споите двете страни кон внатрешноста формирајќи триаголник на врвот од салфетката. Потоа, повторно завртете ја салфетката.
- Рабовите виткајте ги кон горната страна, така што ќе добиете изглед на елка како што е прикажано на видеото.
- Направете мала панделка и поставете ја на врвот од елката. Вака свитканата салфетка во форма на елка, поставете ја во чиниите и уживајте во празничните денови.