Ако сакате во вашата кујна секогаш при рака да ја имате лимоновата арома која е неодолива и потсетува на чистина и свежина, тогаш ќе мора да се потрудите и да го направите овoј совршен и едноставен домашен екстракт од лимон.
Екстрактот можете да се користите за подготовка на разни јадење, како слатки така и на солени, а исто така за маринади, колачи, мафини, сладоледи, кремови и други деликатеси на кои сакате да им додадете нота свежина. Ви напишавме рецепт, а за најдобар резултат, погледнете го видеото во кое ви се детално објаснети сите чекори и ќе ви помогне да направите најубав домашен екстракт од лимон, совршен за разни десерти, торти и колачи, а зошто не и солени специјалитети. Аромата на лимонот е многу применлива и еден омилените и многу среќавани вкусови за сите нас!
Состојки:
- 3 рендани лимони
- 100 мл водка
Подготовка:
- Лимоните добро измијте ги и избришете ги.
- Потоа изрендајте ги или излупете ги, па исечкајте ја кората на ситни резанки, а при тоа внимавајте да не засечете многу од белата површина под кората.
- Ставете ги во стаклена тегла, а врз нив налејте ја водката и добро протресете.
- Оставете го садот на темно место за време 2 недели.
- Во првата недела протресувајте ја теглата на секои два дена, а потоа истата постапка повторувајте ја повремено.
- Откако вотката ја примила лимоновата арома, процедете го екстрактот во стаклено шише и оставете го да стои на ладно место.