лебни трошки 1

Направете сами панко лебни трошки

За сите љубители на похувана храна! Подобрете го вкусот на омилените јадења со помош на панко лебни трошки. Со нив ќе ги засакате похуваните јадења уште повеќе, а и семејството и пријателите ќе уживаат во ново гурманско уживање. Се прават лесно и едноставно. Еве како да може да ги направите сами дома!

Во голем број рецепти на интернет за похувана и пржена храна се користат панко лебни трошки. Тие на храната ѝ даваат крцкавост и ја прават повкусна. Кај нас ги нема овие мрвици да се купат како готов производ, па затоа направете ги сами дома и имајте вкусни похувани јадења, прсти да излижете. Разликата помеѓу обичните и панко лебните трошки е во текстурата, која се добива со посебен начин на подготовка.

лебни трошки 2

Потребни состојки:

  • неколку парчиња тост леб (зависи колкава количина на храна ќе похувате).

Начин на подготовка:

  1. Во замрзнувач ставете неколку парчиња тост леб да се замрзнат.
  2. Откако ќе се замрзнат, исечете ја кората од парчињата тост леб. Средината од лебот изрендајте ја на најситната страна од рендето.
  3. Вака подготвените мрвици распоредете ги во тенок слој на плех за печење.
  4. Печете во претходно загреана рерна на 150 степени, 10 минути. Бидете внимателни затоа што лебните трошки не треба да ја сменат бојата. Уживајте во пржењето на похувана храна со домашните панко мрвици и на здравје!

Неколку рецепти за похувани јадења:

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашни лебни трошки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: