поховани зденки

Едноставен рецепт за похувани зденки

Похуваните јадења се едни од највкусните и омилени закуски за многу прослави, дружења со семејството и пријателите. Брзо и лесно се прават, а во комбинација со тартар сос, ретко кој може да одолее. Вкусните похувани зденки често се наоѓаат на чиниите за мезе, па еве прилика да споделиме со вас, едноставен рецепт.

Ако сте пробале да направите похувани зденки и не сте задоволни од резултатот, важно да примените некои совети. Следете ги инструкциите и ви гарантираме успешен рецепт во секој ваш обид.

похувани зденки

Состојки:

  • 16 парчиња топено сирење (зденки)
  • 1 јајце
  • малку млеко
  • брашно по потреба
  • лебни трошки
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Парчињата топено сирење ставете ги во замрзнувач околу 20 минути. Оваа постапка е важна, за да не ви се растопат зденките премногу за време на пржењето.
  2. Во чинија ставете го брашното. Додајте сол и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте убаво за да се добие хомогена смеса.
  3. Во длабок сад изматете го јајцето со виљушка и додајте малку млеко.
  4. Лебните трошки ставете ги во друга чинија.
  5. Зденките отворете ги од фолијата и извалкајте ги во садот со брашно. Потоа, ставете ги во садот со изматени јајца и убаво потопете ги.
  6. На крај, извалкајте ги во лебни трошки.
  7. Во нелеплива тава на оган ставете поголема количина на масло да се загрее. Во загреаното масло ставете ги зденките и пржете ги за време од 1 минута од двете страни, односно додека малку поруменат. Важно е маслото да биде добро загреано и врело, а времето на пржење да биде кратко, затоа што може зденките да се растопат.
  8. Пржените похувани зденки извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли во комбинација со пилешки прсти, похуавни прстени од кромид, похувани маслинкипохувани тиквички, и тартар сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Зачинети похувани печурки.

Сподели: